S-Work Magazine S-Work | Page 5

целиот свет, постои сериозен недостаток на закони и политики за заштита на сексуалните работници кои можат да бидат изложени на ризик од насилство од страна на државата, партнерите, членовите на семејството и нивните клиенти. На пример, доколку сексуален работник е силуван, многу мали се шансите да покрене обвинение против напаѓачот. Сескуалните работници се незаштитени и тоа ги прави да бидат поизложени на злоупотреба, насилство и силување, при тоа се создаваат услови во кои може да се олесни преносот на ХИВ. Во некои земји, полицијата го користат поседувањето кондоми како доказ за сексуалната работа, што дополнително ги спречува сексуалните работници да се заштитат. Стигмата со која се соочуваат сексуалните работници е главниот виновник зошто тие немаат пристап до здравствените, правните и социјалните услуги. Тие се плашат да побараат услуги затоа што знаат дека ќе бидат дискриминирани откако ќе се дознае која е нивната професија. Инјектирање дроги Сексуалните работници кои инјектираат дроги и споделуваат нестерилизирани игли се изложени на висок ризик од пренос на ХИВ инфекцијата. Според истражувањето за ХИВ преваленцата кај сексуалните работници, се покажало дека најмногу има сексуални работници кои интравенски употребуваат дрога во Источна Европа и Централна Азија. Миграција, мобилност и сексуална работа Сексуалната работа често се поврзува со миграцијата. Мигрантите најчесто како алтернативен начин за заработувачка нудат сексуални услуги. Сексуалната работа и мобилност е поврзана преку „секс-туризам”, при што клиентите патуваат во поодалечни земји каде што полесно наоѓаат сексуални работници и плаќаат за секс. Секс туризмот поттикна побарувачката за сексуални работници во многу земји, особено во Азија и на Карибите. 5