Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и
Источна Европа
Сексуалните работници
и ХИВ/СИДА
Сексуалните работници спаѓаат во ризичните групи на ХИВ/СИДА. УНАИДС ги опишува
сексуалните работници како: „Жени, мажи, трансродни возрасни и млади лица кои
добиваат пари или материјални добра во замена за сексуалните услуги кои ги нудат.
Сексуалната работа варира и се разликува во однос на земјите или општествата, како и
според тоа дали е формална или организирана“.
Во ниско и средно развиените земји, ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници е
околу 12%. Сепак, постојат значителни разлики меѓу регионите и земјите.
Во четири земји, ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници е 50 пати повисока
отколку кај општата популација. Една неодамнешна студија покажа дека дури во 16 држави
во Африка, ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници изнесува 37%. Во Нигерија
и Гана, ХИВ преваленцата помеѓу сексуалните работници е за осум пати повисока во
споредба со остатокот од општата популација.
Иако сексуалните работници се една од групите која е најмногу изложена на ХИВ,
истовремено тие спаѓаат и во група која најлесно би се вклучила во програмите за
превенција на ХИВ. Доказ за ова може да се види во земји како Камбоџа, Доминиканската
Република, Индија и Тајланд, каде што намалувањето на националната ХИВ преваленца
беше помогнато од иницијативи насочени кон сексуалните работници и нивните клиенти.
Зошто сексуалните работници се изложени на посебен ризик од ХИВ?
Без оглед на нивното потекло, сексуалните работници делат заеднички фактори кои ја
прават оваа група ранлива и изложена на поголем ризик на ХИВ.
Менување повеќе партнери и неконзистентна употреба на кондоми.
Во принцип, сексуалните работници менуваат повеќе партнериво споредба со
припадниците на општата популација. Сепак, тоа не мора да значи дека ја зголемува
веројатноста да бидат инфицирани со ХИВ ако редовно и правилно користат кондоми.
Во некои случаи, сексуалните работници немаат пристап до кондоми или не се свесни
за нивната важност. Во други случаи, сексуалните работници се едноставно немоќни да
преговараат за безбеден секс. Се случува клиентите да одбијат да платат за сексуалните
услуги ако треба да користат кондоми, а притоа можат да бидат насилни и да ги заплашуваат
сексуалните работници, така што истите се принудени да имаат незаштитен секс. Клиентите,
исто така нудат повеќе пари за секс без заштита - предлог кој сексуалните работници тешко
го одбиваат.
Клиентите на сексуалните работници исто така спаѓаат во ризична групата за пренос на
ХИВ.
Социјални и правни фактори
Сексуалните работници често се стигматизирани, маргинализирани и се криминализирани
во општествата во кои тие живеат и на различни начини, овие фактори придонесуваат за
нивната ранливост и поголема изложеност на ХИВ.
Иако сексуалната работа е легална во некои земји, сепак законот ретко ги штити. Низ
4