S-Work Magazine S-Work | Página 3

Откако бил фатен сторителот на масакрот, Ени Спринкл изјавила: „ Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме на сите мои сестри-курви, кои умреа толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме се додека сексуалните работници не се безбедни на улица, или дома“.
Минатата година Стар-Стар по осми пат го организираше Маршот на црвените чадори. По тој повод заедно марширавме со паролата: „ Стигмата убива“. Наша единствена цел е да се запре насилството и тортурата кои секојдневно ја трпат сексуалните работници од општата популација, клиентите и институциите.
Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената боја симболизира убавина, а чадорот ги штити сексуалните работници од злоупотреба од страна на полицијата, макроата, клиентите, општеството. Маршот на црвените чадори ќе се одвива во центарот на Скопје и ќе започне на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза и ќе се движи до плоштадот Филип II. Очекуваме голем број медиуми да го покријат настанот.
Ги повикуваме сите наши поддржувачи, граѓани и медиуми да го поддржат настанот по повод одбележувањето на 17-ти декември. Во прилог следат неколку слики од минатиот настан по повод одбележувањето на 17- ти декември, Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници и Маршот на црвените чадори.
3