присустуваат на изложбата или пак медиумите преку овие фотографии, ќе се доближат до интимниот живот на овие луѓе, ќе имаат помала одбивност, а повеќе разбирање“.
„ Благодарни сме што не пуштија во нивниот свет, тоа ни најмалку не беше едноставно за нив. Јас сум 30 години во оваа работа, и ова ми беше неверојатно искуство. Имам работено со лица од ромската популација, со деца од домови, со луѓе што собираат стари работи и со многу други кои се наоѓаат на маргините од општесвтото, но ова навистина беше големо искуство и благодарна сум им на девојките за тоа“, додава Кујунџиќ.
„ Често знам да се сокријам позади апаратот. Објективот ме брани од емоции. Поради технички потреби, експозиции, објективи, во одредени моменти се исклучувам и заборавам на сè. Овие луѓе треба да се прифатат такви какви што се и да им се помогне да се изборат за своите права“, порачува Кујунџиќ за крај.
9