Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Да се биде сексуална работничка е лесно, тешко беше тоа да го соопштам на мојот татко
На само 17 годишна возраст почнав да спијам со мажи по хотелски соби за пари. За многу пари.
Беше многу лесно. Се што ми требаше, покрај мојата подготвеност за такво нешто беа кола и интернет. Од моментот кога го објавив мојот прв оглас на форум за сексуални работнички, до првиот состанок со клиент кој имаше 50 години и кој можеше да ми биде директор на моето школо или пак еден од моите професори, поминаа само неколку часа. После првиот договорен состанок, веќе бев навлечена. Редовно тоа го работев во текот на трета и четврта година од средно школо. Својот последен договорен состанок го имав за време на распустот, токму на Денот на благодарноста на мојата прва година на факултет.
Го работев тоа по свој избор. Бев добра ученичка. Бев избрана за претседател на дебатниот тим. Моите родители ми даваа пари. Немав зависност од дрога. Не сум пробала ниту марихуана. Јас сум дете единиц на моите родители и се на светов ми беше овозможено: спорт, танц, театар, летно кампување. Скијав секаде по Европа. Имав многу успеси. Бев арогантна личност. Бев љубопитна. Бев паметна. А, ме возбудуваше помислата да ме плаќаат за секс со возрасни мажи.
Десет години подоцна, одлучив да ја споделам својата приказна. Ја раскажав на сите. Им досадував на луѓето по кафаните, авионите, на ноќните излагања. Напишав и статија. Неможев да престанам да раскажувам за тоа, едноставно чувството беше убаво. Еден ден, на вратата ми се појави една гневна жена која ја замислував во своите кошмари.
Единствени луѓе на кои им немав кажано беа моите родители. Незнаев како тоа точно да го направам. Знаев дека мојата мајка тоа погрешно ќе го протолкува, но сепак на крајот ќе испадне добро. Но, бев убедена дека тоа сознание ќе го убие мојот татко. На крајот открија, се разбира, преку интернет.
Мојот татко има служено во армија во Доминиканската Република, и две тури во Виетнам и во Пустинскиот штит / Пустинската олуја на Блискиот Исток. Учествувал во многу борби. За себе вели дека е независен поединец и покрај тоа што верува во повеќе работи кои му ги кажува ФОКС ЊУЗ- тешко е да го етикетираш. Полн е со принципи. Секогаш сака да ја направи работата како што треба, дури и ако е таа непријатна. Исто така и јас. Во животот ги негуваме истите вредности, иако до нив стигнуваме радикално поразлично од животно искуство. Двајцата имаме одбиено добри животни прилики затоа што не сме биле подготвени да направиме компромис со својот интегритет, онака како самите го доживуваме.
Двајцата поминуваме на црвено кога нема никој, затоа што не сакам некое семафорско светло да ми диктира како да го живеам својот живот. Во сите мои инаети со професорите, директорот,
10