S-Work Magazine S-Work Magazine | Page 11

администраторите, гледаше како тврдоглаво се борам за тоа како би требало да биде, против она како што е. Иако понекогаш не се сложуваше со мене, секогаш беше на моја страна. Дури и подоцна, кога ги разменувавме навредите на политичка основа, секогаш би се препознал себеси во мене. Двајцата имавме здрава доза на став.
Се плашев да му кажам дека сум работела како сексуална работничка затоа што беше прекрасен татко. Не сакав да помисли дека едното имало врска со другото. Не сакав да го оптеретувам со мојата размазеност затоа што се плашев дека менталните слики кои би настанале после информацијата: „ твојата ќерка била сексуална работничка“, би можеле да го скршат, и покрај неговите многубројни војни ангажмани кои не го скршија.
Еден ден се појавив пред куќата. Имав клуч, но сепак заѕвонев. Мојот татко ја отвори вратата. „ Претпоставувам сакаш да разговараме“, ми рече.
Беше отсечен. Се трудеше да се избори со многуте емоции кои ги чувствуваше. Ме праша дали сакам пиење. Беше два попладне. Реков сакам. Двајцата сакавме. Имав впечаток дека полесно би ме прифатил како убиец одколку како сексуална работничка. Незнаев што да очекувам. Мојот татко не зборуваше со своите сестри и мајка 20 години поради кавга која сеуште не ја разбирам. Знаев дека во овој случај не е исклучена таквото однесување.
Разговаравме со часови, никогаш подиректно, не спомнувајќи ја мојата работа, сексот, парите. Веќе бевме напиени и мојот татко се претвори во шармантен проповедач. Ми кажуваше приказни за моменталната „ војна“, за тие „ проклети веверици“.
Ги сожалувавме нашите извртени роднини и се закачкавме за старите политички расправања. Но и покрај се рече неколку работи кои мислам дека се многу битни, дека е горд на мене и дека
11