секогаш можам да се вратам дома. „ Што и да се случи“, додаде.
Можев да забележам дека не е бесен. Беше нервозен поради мене како што беше и секогаш.
Мојот татко бил во три војни. Убивал луѓе со голи раце, а јас се впуштав во секс со непознати луѓе за пари. Двајцата сме виделе и правеле се. Никој од нас не сакаше да слуша за детали, но веруваме дека било многу силно.
Набрзо после тоа дојде и помина Денот на благодарноста со целото семејство. Цело време го задржував здивот. Никој немаше да ми постави некакво прашање. Животот продолжува понатака, а сексуалните избори кои ги правев пред неколку години просто не ни беа толку важни. Моравме да стравуваме за своите работи, планиравме свадба, разговаравме за одење на лов, им се потсмевавме на роднини. Испуштив здив.
Неодамна татко ми го напиша следново: „ Правеше работи за кои би сакал никогаш да не си ги правела. Си правела работи на кои сум навистина горд. Всушност така и треба да биде и така е отсекогаш. Кога детето ќе порасне, тоа станува своја личност која сама решава за сопствените одлуки. Личност која сама ги собира плодовите на своите дела или ги трпи последиците. Никогаш не би ти кажувал како да го живееш својот живот. Немам јас право на тоа. Се надевам дека само сум те воспитал добро, секогаш да ги гледаш своите можности на искрен начин и одлуките да ги донесуваш со јасна слика за тоа што сакаш да го постигнеш“.
Да, тато успеа.
12