S-Work Magazine S-Work Magazine | Page 8

Идејата на овие фотографии беше да се избалансира помеѓу уметничките фотографии и суровата документираност и мислам дека во тоа и успеавме“, објаснува Кујунџиќ.
Дест дена подоцна, Александра и нејзината пријателка договориле уште една нивна колешка за вечерното снимање кое имало за цел да ги прикажат местата каде што работат. Со цел да не се загрози нивната безбедност и секако да се избегне можната средба со полицијата, било договорено место за снимање каде што тие не работат секој ден.
„ Документираната фотографија претставува една од најзначајните типови на фотографиии, улогата на медиумската фотографија не е да крева врева, туку напротив да ја прикаже вистината. Оваа работа е сериозна и одговорна. Без разлика колкаво ви е искуството, на ваквите снимања, слухот ви е поостар, осетливоста е поголема, но сето тоа морате вешто да го сокриете. Исто така, треба да покажете висок степен на снаодливост, вештина, концентрација, да имате познавање од психологијата, да бидете физички поиздржливи, поодговорни. Снимањето траеше толку колку што тие сакаа, а за времето кое го добивме се потрудивме да направиме нешто повеќе“, додава Весна.
Откако завршило снимањето, двете фотографки останале во контакт со нив. Весна сакала да ги испочитува овие луѓе до крај. За една од девојките која била болна, успеала да набави лекови и подобро го запознала семејството на Александра.
„ Колку и да е тешко нивното секојдневие, тие се преполни со живот,“ додава Весна. Кујунџиќ смета дека со фотографиите се пробиваат некои граници. „ Нашите сограѓани кои ќе
8