S-Work Magazine S-Work Magazine | Page 7

До контакт со хероините на овие фотографии стигнале преку пријатели и луѓе кои директно ја познаваат една од девојките, Александра. После телефонските разговори, договорите за состанок и убедувањата дека фотографите нема да сликаат, ниту да ги снимаат разговорите со диктафон без одобрување, Александра ја вклучи и својата пријателка и колешка. „ Кога некој живее на таква маргина и кога сите се однесуваат лошо спрема таквите луѓе, логично е да немаат доверба во никого“, раскажува Весна. „ Затоа еден од условите за да прифатат фотографирање, беше да не се прикаживаат нивните ликови, меѓутоа и при таква ситуација секогаш постои шанса да се откажат од снимањето“.
„ Сè до првото снимање, неколку месеци пред тоа постојано одржував контакт со нив, полека ги отворав интересите за нивниот секојдневен живот и имав можност да го запознаам најблиското опкружување на Александра. Сакав подобро да се запознаеме, да сфати дека ние им посакуваме добро, дека навистина не интересира како живеат и низ што се поминуваат, но секако и сама да ја увидам проблематиката и да се подготвам за снимањето. Морате да бидете присутни во комуникацијата, да имате желба да разберете некој кој навистина страда, отворено и без проценување, трпеливо со суштинска внимателност, морате да бидете исто така заинтересирани за соговорникот и за неговите проблеми. Во трката за материјалните добра, општеството заборавило на емпатијата, а емпатијата претставува еден вид на соучество со жртвите на тешката дискриминација“.
Благодарение на долгото запознавање со двајцата фотографи, стравот и недовербата потполно ги снемало во текот на првиот ден од снимањето во еден мал стан на една трансродна сексуална работничка на периферијата на Белград.
„ Тие живеат многу скромно, но се им е средено и чисто, дури и не почестија со палачинки. Се разбира, кога пристигнавме во станот, не почнавме веднаш со фотографирање. Сметам, дека и јас и Весна имаме разбирање за нивните животи и нивните проблеми. Не може само да ги исфолирате луѓето, туку напротив мора да ја придобитете нивната доверба. Всушност, цел ден се дружевме и фотографиравме во нивниот амбиент, каде се шминкаа, облекуваа и се подготвуваа пред да излезат на улица да работат. Со цел да им го заштитиме нивниот идентитет, се договоривме да не им се прикажуваат лицата, што на некој начин ни ја отежнуваше работата.
7