Источна
Интимни фотографии од трансродни сексуални работнички од ромска популација
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
„ Колку и да делува неприфатливо од општеството, дали им се допаѓа или не, овие луѓе постојат и живеат на маргините, и никој повеќе не прашува за нив, ниту пак се запрашале како се чувствуваат“.
Овие жени се комплетно отфрлени, дискриминирани дури од дискриминираните, неприфатени од ромската заедница, од ЛГБТ заедницата и воопшто од целото општество. „ Невидливите“ живеат од сексуалната работа, поради која се наоѓаат на една од далечните краеви на маргината. Како трансродни лица од ромска популација и сексуални работнички се почесто се жртви на насилства и малтретирања кои не смеат да ги пријават во полиција, стравувајќи дека би можеле да бидат приведени.
Минатата година беа регистрирани над 100 убиства на трансродни и родово различни лица во целиот сцвет. На Балканот, кога станува збор за состојбата во која се наоѓаат ромите и трансродните луѓе, ситуацијата е далеку од подобра. Организацијата Гејтен досега има пријавено 24 инциденти, од кој 10 биле напади врз трансродни сексуални работници. Огромен број случаи остануваат нерегистрирани, поради страв од полицијата и недовербата кон репресивниот систем кој воопшто не ги заштитува оваа група на граѓани. Додека ги осудува и отфрла поради различноста, поширокото општество не ги гледа, ниту пак знае како воопшто тие живеат.
Со цел да се укаже на проблемите и тешката положба во која се наоѓаат трансродните лица од ромската популација, Горан Милетиќ од организацијата Civil Right Defenders ги повикал фотографите Драгана Кујунџиќ и Весна Лалиќ, преку фотографии да прикажат дел од нивното секојдневие. Како што вели Весна, најтешкиот дел од работат било да се пронајдат овие девојки и со нив да се договри за снимање.
6
„ Прво контактирав со ромските здруженија и за жал од нив не добив никаков одговор. Сфатив дека дволичноста отиде премногу далеку, затоа што не добив апсолутно никакво објаснување. Дали тоа му се допаѓа на нашето општество или не, колку и да делува неприфатливо, тие луѓе навистина постојат и живеат на таква маргина што повеќе и не се прашува како се чувствуваат,“ објаснува Весна.