S-Work Magazine S-Work Magazine | Page 5

Но кога станува збор за безбедноста и здравјето, повеќето сексуални работници немаат никаква помош.
„ Според едно неодамнешно истражување се покажало дека стапката на насилство, злоупотреба и убиство е висока меѓу сексуалните работници“, вели Холовеј. „ Сепак, среќни сме што постојат неколку организации кои обезбедуваат здравствена и правна поддршка за сексуалните работници“, додава Максин.
Декриминализација е таа која може да ги елиминира сите овие пречки, а истата е поддржана од страна на бројни граѓански организации за заштита на правата на сексуалните работници.
Без правна заштита, без пристап до финансиски услуги, малтретирани од страна на полицијата – зошто сексуалните работници воопшто ја работат оваа работа?
„ Оваа работа ми претставува задоволство”, вели Дејн. Иако, признава: „ Сексуалната работа не е за секого и треба да имаш резервна работа, бидејќи е нестабилна“.
Но, тој си ја сака својата работа. „ Не поради парите, туку затоа што им помагам на другите. Имав неколку клиенти со церебрална парализа, луѓе со секакви лични или здравствени проблеми. Работата со нив ми дава одлично чувство“.
Неодамна, еден постар клиент го имал ангажирано Дејн. „ Сакаше само да ја помине вечерта со мене и да се галиме“, вели Дејн. „ Ми падна малку чудно, зошто најчесто им велам ајде побрзо да ја завршиме работатa, но овој пат требаше само да лежам до него цела вечер и да разговараме за нашите животи“. Наредниот ден, клиентот заплакал. После долго време почувствувал интимност со некого, откако неговиот животен сопатник починал. „ Не сакаше секс, сакаше само да биде сакан. Мислам дека секој тоа го посакува“.
* Имињата се сменети со цел да се заштити анонимноста на сексуалните работници.
5