S-Work Magazine S-Work Magazine | Page 4

Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа

Борбата на сексуалните работници при водење нелегален бизнис

Без правна заштита, без пристап до финансиски услуги, малтретирани од страна на полицијата – што прават сексуалните работници кога нивната работа е нелегална?
Дејн * е ескорт кој има развиено исклучително претпазливи мерки кога се среќава со своите клиенти, особено ако средбите се случуваат во кола. Причина за неговата претпазливост е апсењето кое речиси за малку ќе му се случеше на една негова средба со клиент, откако своите услуги ги рекламирал на интернет сајт за ескорти.
„ Се сретнав со лицето, влеговме во кола и се возевме наоколу, кога тој започна непрекинато да збори“, вели Дејн, ескорт од Сиетел. „ Начинот на кој зборуваше беше чуден и можеше да се утврди дека не знае ништо за геј сексот. За кратко, му реков да престане“. Тогаш полицаецот ја ивадил својата значка, ставајќи го Дејн во непријатна и застрашувачка ситуација.
Оттогаш, Дејн прави сè со цел да се осигура дека неговите клиенти се искрени во своите намери. Тој претходно користел интернет сајт, преку кој имал можност да ги проверува своите клиенти и нивната репутација, меѓутоа сега овој сајт е под надзор од страна на федерални агенти.
Бидејќи неговата работа е нелегална, сексуалните работници речиси немаат пристап до професионални услуги, како што се правна, здравствена и социјална заштита. Како резултат на тоа, сексуалните работници се соочуваат со физички ризици и финансиска нестабилност и се наоѓаат во тотална економската изолација.
„ Изнајмување на обезбедување, ангажирање на лични возачи, луѓе кои набљудуваат, договарање на пријатели за превоз или некој на кој би можеле да се јавите во секое време, е дел од начините за заштита на сексуалните работници, иако сите овие луѓе се изложени на голем ризик да бидат обвинети за кривично дело или подведување“, вели Максин Холовеј *, сексуален работник, порно глумец и активист. „ Јас лично имам ангажирано возач и лице од обезбедување, со цел да си ја олеснам работата. Кога има некој до мене се чувствувам заштитено, но од друга страна пак ризикот од инволвирање на други лица во нелегален бизнис е голем, и целиот тој товар го носам јас“.
„ Еднаш имав клиент кој ме измами за пари”, вели Бен *, ескорт од Сан Франциско. „ Немам кеш“, ми рече, „ ќе може ли да ти платам со чек?“. Бев млад, не знаев многу за финансиите и банкарството, и му реков: „ Во ред, секако“. Откако отидов во банка, се испостави дека неговата сметка е затворена, и никако не можев да си го подигнам парите“.
„ Не можев ништо да направам”, вели Бен. Тој не можел ниту да пријави во полиција, ниту да поднесе жалба на суд, бидејќи не ќе можел да докаже од каде му се тие пари, при тоа да не се открие што всушност работи.
Бен и Дејн воопшто не ги пријавуваат даноците за заработувачката од своите клиенти. Кога им се потребни услуги, особено здравствени, вадат од својот џеб и си плаќаат.
4