S-Work Magazine S-Work Magazine | Page 3

со што „ не би морала да го работам ова повеќе”.
Попрво би се угушила со сопствената плунка, отколку да возам мал бредниран Смарт наоколу, обидувајќи се да ги убедам луѓето да банкротираат при изнајмување станови.
Клиент кој се жени наредното утро Најчесто ваквите клиенти се оние кои резервираат хотелска соба на крајот од нивната ергенска вечер и најчесто пристигнуваат заедно со пријател. Ваквите клиенти се искрени и веднаш ти кажуваат дека биле на ергенска вечер, при тоа ќе ти пуштат слики од нивните идни невести.
Клиент кој не може да сврши и си ги бара парите назад За клиентите понекогаш е тешко да бидат со сексуален работник, ние сме искусни во нашата работа, а тоа може да влијае врз нив. Има некои кои не можат да си ја завршат работата, па со смеење ја напуштаат собата, а има и некои кои си ги бараат парите назад. Секако, досега на ниту еден клиент ми се нема случено да му ги вратам парите, тоа едноставно не функционира така.
Девици Доколку момче кое наполнило 20 години а сеуште е девица, најчесто го чувствува притисокот од неговото опкружување врз неговата глава. Ваквите типови клиенти најчесто се појавуваат со другари кои плаќаат во нивно име за да ја изгубат невиноста. А откако ќе излезат од собата, се пречекуваат со овации и ракоплескања. Скоро секоја сексуална работничка имала ваков тип клиенти во нивната кариера.
Емотивни клиенти Со еден 50-годишен клиент имав постојани средби. Кога дојде кај мене првиот пат, од него очекував да имаме секс, но тој само ми рече: „ Сакам само да лежам до тебе и да се галиме, дали е тоа ОК? Или пак да си раскажуваме како ни поминал денот“. Беше вдовец кој изгледа имаше заборавено какво е чувството кога двајцата партнери сакаат само да си лежат еден до друг. Ваквите клиенти се најтешки, бидејќи иако сакаш да им ги задоволиш потребите, истовремено сакаш да им укажеш дека тоа можат и сами да си го пронајдат во нивниот реален свет.
Клиенти кои се тестираат дали се бисексуалци Ваквите клиенти не се чести, но сепак можно е да ги сретнеш. Понекогаш, се пронаоѓаат себеси, понекогаш не.
3