Типови на клиенти со кои сум била како сексуална работничка
На дожд, на снег, во рецесија или при економски подем, сексуалната работа продолжува. Таа се случува насекаде: во хотели со удобни услови, па се до тесни и темни улички по кои се расфрлани употребени кондоми и отпушоци од цигари. Ова се случува цело време, иако општеството не зборува многу за тоа.
Кога зборуваме за сексуалната работа, најчесто ги спомнуваме сексуалните работници, а поретко за луѓето кои го одржуваат нивниот бизнис- нивните клиенти.
За да дознаеме повеќе за клиентие на сексуалните работници, Сара, 22-годишна ескорт девојка ни открива за различните типови клиенти со кои била досега.
Моќни клиенти Ваквиот тип на клиенти се моќни во самото општество, полни со самодоверба и најчесто имаа висока работна позиција, како на пример: адвокати, финансиери, славни личности и сл. Луѓе кои многу сакаат да зборуваат за моќта која ја поседуваат.
Овие клиенти најчесто сакаат да доминираат и да имаат контрола врз другите. Но, зад затворени врати се однесуваат сосема поинаку, сакаат да бидат деморализирани и да бидат поразлично третирани. Повеќето од овие моќни клиенти, на пример, сакаат да користат дилда за време на сексуалниот чин, или пак да бидат финансиски искористени.
Ми се има случено да ми велат постојано да барам скапи подароци. Имам неколку пара скапи чевли од клиенти кои имаат фетиши за нозе.
Клиенти кои бараат забава Всушност, клиентите во сексот сакаат сè спротивно од секојдневниот начин на живеење.
Овој тип на клиенти е сосема различен од моќните клиенти. Овие мажи за момент сакаат да поседуваат човечко битие. Сакаат забави, пиење, јадење, и иако изгледаат полни со самодоверба, длабоко во себе ја носат срамежливоста. Само со помош на дрога и алкохол, успеваат да го побараат тоа што им треба.
Овој клиент би те прашал дали си задоволна, само со цел да ти побара повеќе, иако веќе му ги имаш кажано работите кои се забранети. Многу често ми нудат и повеќе пари само за да ги задоволам нивните желби или фетиши за кои јасно сум кажала „ НЕ“.
Виновници Тука спаѓаат две категории клиенти, и тие се ретки, како на пример клиентите кои имаат чувство на вина откако ќе заврши сексуалниот чин.
Последниот клиент кој го имав, имаше околу 35 години. Влезе во собата носејќи голема шапка и два пати провери вратата дали е заклучена, највероватно го фаќаше параноја. Бевме на сред чин кога ме оттурна од себе и ми рече: „ СТОП, јас ова навистина не можам да го правам“. Го прашав дали има тоа некаква врска со мене, на што тој одговори: „ Не, имам жена, не можам да престанам да мислам на неа“.
Клиенти кои мислат дека се Ричард Гир од „ Убава жена” Ваквите типови мажи фантазираат да пронајдат некоја убава девојка во ноќта и да и го покажат патот до поубав живот. Идејата дека можам да бидам „ добра” девојка ги возбудува. Последниот клиент со кого имав неодамна средба, сакаше да ме научи како да бидам агент за недвижности,
2