My first Publication TRANSIT tool | Page 95

3 Услуги Фигура 3.1 Хив превенција, дијагноза, третман и грижа Извор: FHI 360/LINKAGES Континиумот е практична алатка за дијагноза, застапување, планирање и мониторинг кој се однесува на сите форми на ХИВ одговор. Секоја компонента преставува самостојна цел која е заедничка за сите форми на ХИВ програмирање. Континиумот илустрира како сите овие цели се поврзани и како зависат едни од други. Со проучување на целите што се однесуваат на тековниот програм, можно е да се идентификуваат јазлите каде трансродните лица не се во можност да пристапат или да ги следат преку услуги, и да се анализираат причините. Еднаш кога ќе се одреди на кое место во континиумот трансродните лица не се опфатени, најефективното решение може да биде откриено за да се затворат јазлите и да се зајакнат интервенциите за да се опфати и одржи максималниот број индивидуи. Рамката за нагласување на важноста на „опфати – тестирај – третирај – задржи“ да ја оствари целта на UNAIDS за 90 – 90 – 90 до 2020 година: 1. 90% од сите луѓе што живеат со ХИВ ќе го знаат нивниот ХИВ статус; 2. 90% од сите луѓе што се дијагнозирани со ХИВ инфекција ќе добијат редовна ARV терапија; 3. 90% од сите луѓе што примаат ARV терапија ќе добијат поттиснување на вирусот. UNAIDS се повикуваат на 90% покривање на клучните популации, вклучувајќи ги трансродните лица, со комбинациски пакети за интервенции кои вклучуваат кондоми, лубриканти и PrEP. 94