My first Publication TRANSIT tool | Page 94

3 Услуги 3.1.1 Континиум за Хив превенција, дијагноза, третман и нега Фигурата 3.1 илустрира континиум за ХИВ превенција, дијагноза, третман и нега. Намената на овој континиум е: 1) да стигне до ХИВ негативните лица, 2) да ги одржи ХИВ негативни што е можно подолг период, и 3) да се направи дијагноза, проценка и да се задржат ХИВ позитивните лица за да им се пружи третман и нега. Тоа започнува со нагласување на важноста за одредување на големината и локацијата на клучните популации – во овој случај, трансродните лица – следени со проценка на нивното ниво на ризик и потребите и нивен третман со ХИВ превентивни услуги пружени преку комбинација на различни пристапи. Трансродните лица кои се ХИВ негативни и со висок ризик на заразување треба да бидат често охрабрувани да користат кондоми и лубриканти и редовно да се тестираат. Важно е да се води грижа за дијагнозата на трансродните лица и доколку е потребно, веднаш да се започне со антивирусна (АРТ) терапија. Задоцнетата ARTтерапија може подоцна да предизвика големи компликации и може да ја намали ефикасноста на третманот. 93