My first Publication TRANSIT tool | Page 93

3 Услуги 3.1 Вовед Ова поглавје го опишува сеопфатниот препорачан пакет на услуги за обезбедување на ХИВ превенција, дијагноза и третман за трансродните лица. Овој пакет е базиран на СЗО 2014 Консолидираното упатство за ХИВ превенција, дијагноза, третман и нега за клучните популации и на СЗО 2015 Резиме на политики: трансродни луѓе и ХИВ. Рамка 3.1 Сеопфатниот пакет на услуги за ХИВ превенција, дијагноза, третман и нега на трансродните лица Важни интервенции од здравствениот сектор А) Сеопфатни програми за кондоми и лубриканти; Б) Интервенции за намалување на штетите при користење на супстанции (особено програми за игли и шприцеви, како и опиоидна супстанциона терапија); В) Интервенции за пореметувањата во однесувањето; Г) ХИВ тестирање; Д) ХИВ нега, поддршка и третман; Ѓ) Превенција и управување со останатите преносни инфекции, како вирусен хепатит, туберкулоза и ментално-здравствени состојби; Е) Интервенции за сексуални и репродуктивно здравје. Важни стратегии за овозможување на прифатливи услови А) Законодавна поддршка, политики и финансиски комитет, вклучувајќи декриминализација на некои однесувања кај клучните популации (види Поглавје 2); Б) Спречување на стигмата и дискриминацијата, со што здравствените услуги треба да станат достапни, пристапни и прифатливи (види Поглавје 2); В) Зајакнување на заедницата (види Поглавје 1); Г) Спречување на насилството врз трансродните лица од клучните популации (види Поглавје 2); Извор: Консолидирани упатства за ХИВ превенција, дијагноза, третман и нега за клучните популации. Женева, 2014. Покрај тоа, секоја интервенција која се однесува на високиот товар на ХИВ меѓу трансродните лица, било да е специфична или како дел од пошироките ХИВ стратегии, ќе треба да се процени достапноста и пристапноста до родово-потврдувачките здравствени услуги. Интевенциите за родово- потврдување се многу значајни за трансродните лица и можат да послужат како битен извор на вклулучување на заедницата во ХИВ превенција, дијагноза, третман и нега. Поради овие причини, ова поглавје се однесува на ваквите услуги (види Секција 3.2.3). 92