2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
своите колеги како прават деградирачки разговори и имаат предрасуди
кон трансродните лица.
Рамка 2.19
Пример на случај: Документирање на нарушувањето
на човековите права во Киргистан
Две организации кои работат со ЛГБТ лица во Киргистан, KYRGIZ INDIGO и LABRIS, редовно
документираат и собираат податоци за насилство врз трансродните жени. Овие организации
пријавиле бројни случаи до CEDAW и до Меѓународниот пакт за граѓански и политички
права, истакнувајќи насилства врз транс жените во Киргистан. Kyrgyz Indigo земале учество
во процесот на Универзалниот периодичен преглед преку поднесување на алтернативен
извештај за ситуацијата на ЛГБТ луѓето во државата и активно претставување на нивните
интереси во Обединетите нации. Како резултат на тоа, Киргистан добил околу 20 препораки
за решавање на проблемите со сексуална ориентација и родов идентитет и експресија, како
и во запознавање со меѓународните антидискриминирачки легислативи кои исто така ги
штитат човековите права на трансродните жени.
www.indigo.kg
-
www.labrys.kg
Понекогаш документирањето може да има различна цел, но сепак да има
големо позитивно влијание врз животот и благосостојбата на трансродните
лица.
Рамка 2.20
Пример на случај: Кажување на приказна како
документација во Јужна Африка
Јужно – афричката организација Gender DynamiX има секција „Животни приказни“ на нивната
веб страна: членовите на трансродните заедници или нивните пријатели или партнери
снимаат приказни во кои дискутираат за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат
и начини на кои што преминале преку нив. Овие приказни можат многу да им помогнат на
трансродните лица и да бидат инспирација за сите лица кои се нашле во иста или слична
ситуација.
http://genderdynamix.org.za.www53.jnb2.host-h.net/document-categories/life-stories
Мониторингот на насилствата врз човековите права е битен за да се изградат
докази како помош за промена на политиките и законските реформи.
Пример на глобално ниво ги истакнува грижите во врска со насилствата
врз трансродните лица (рамка 2.21).
Рамка 2.21
Пример на случај: Мапирање на правата
на трансродните лица во Европа
Со почеток во 2008 година, Трансродност Европа направиле мониторинг на самоубиствата
на трансродните лица околу целиот свет, потпирајќи се на податоците од организациите со
кои се во соработка. Ова еволуирало во Транс-почитување против Трансфобија, сеопфатен
проект за мапирање кој ги лоцира и објавува активностите на трансродните заедници,
владините добри практики, инциденти врз трансродните индивидуи и глобалните права и
социјалните рамки за трансродни лица. Со воведување на сеопфатни мапи, квалитативни
и квантитативни податоци проектот се залага за влијание врз рамките за донесување на
одлуки и човекови права, како и да ги инспирираат останатите активисти ширум светот.
www.transrespect.org
76