2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
2.3.2 Користење информациски и комуникациски
технологии
На социјалните мрежи, трансродните лица можат да најдат безбедно
место каде што можат да бараат и да примат помош во врска со нивниот
родов идентитет и да се изјаснат без во потполност да го откријат нивниот
идентитет. Комуникациските и информациските технологии (ICT) можат
исто така да бидат и моќни алатки за маргинализираните заедници како
што се колективите на трансродни лица и организациите кои се борат
против стигма, дискриминација и насилство. Нови технологии дозволуваат
тековно давање на извештаи, а некои платформи исто така обезбедуваат
високо ниво на безбедност и анонимоност, со што користењето на услугите
е безбедно, кое инаку би можело да биде многу опасно. Иницијативите за
мониторинг на човековите права на засегнатите заедници се во тек, и може
да се зголеми уште повеќе со вклучување на линкови за правна помош и
информации за сознавање на своите права.
Сепак, транс – специфичните здравствени услуги и информации на
Интернет се ретки, особено на останатите јазици (види во Поглавје 4,
Секција 4.7). Покрај тоа, спроведувачите на програми изјавуваат дека
високиот степен на неписменост некогаш влијае врз членовите на
трансродните лица и покрај големиот број на податоци на интернет во
врска со нивните права и потреби. Ова бара изнаоѓање на покреативни
пристапи кои можат да им помогнат на овие лица да дојдат до пристап на
потребните информации на својот сопствен јазик, вклучувајќи ги и лицата
кои имаат потешкотии со читање и разбирање на напишаниот материјал.
77