My first Publication TRANSIT tool | Page 76

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Рамка 2.18 Пример на случај: Залагање за безбедноста на трансродните лица во јавниот превоз во Белизе Мрежата за соработка на Лицата кои живеат со ХИВ (CNET+) спроведува работилници за трансродните жени во врска со безбедноста во секојдневните ситуации, како што е користењето на јавен превоз. Решенијата се водени од предизвиците на заедницата – групата сензитирала неколку автобуски компании во врска со присуството и безбедносните потреби на трансродните патници, како и пружање на практични совети за трансродните жени за успешно соочување со непријатности или агресивни однесувања од страна на останатите патници. Водени се и дискусии во работилниците за општата сигурност на трансродните лица, како на пример: никогаш да не се објавува локацијата на социјалните мрежи, никогаш да не излегуваат сами, избегнување на места кои се познаци по насилства и одење на настани кои се пријателски настроени кон трансродните лица. CNET+ исто така ја смета за битна и проблематиката со емоционалната безбедност и обезбедува тренинзи за сензитација на претставниците од владата, полицијата и медицинските работници, како и обезбедување на советувања за трансродните клиенти. 2.3 Комплементарни интервенции и стратегии 2.3.1 Собирање податоци како докази за стигма, дискриминација и насилство Со цел да се реши прашањето во врска со стигмата и дискриминацијата меѓу трансродните лица, стратегиите за мерење, документирање и мониторинг мораат да бидат развиени и подобрени. Документирањето на стигма, насилство и дискриминација може да биде предизвик ако стравот ги спречува членовите од заедницата да го одбијат присуството, но тоа е важна компонента на програмирање кое може да помогне во застапувањето за човековите права на трансродните лица. Како дополнување, забележувањето на податоците за стигма, дискриминација и насилство може да биде како голема помош за привлекување на донатори. Индексот за Луѓето кои што живеат со ХИВ е алатка која е користена во над 50 земји за да се измери и детектира стигматизацијата поврзана со ХИВ. Како пример, еден извештај од Непал објавил резултати во кои трансродните испитаници се соочувале со стигма и дискриминација многу пати повеќе отколку машките и женските испитаници, вклучувајќи психолошки притисок од партнерот, сексуалното одбивање, дискриминација од другите луѓе кои живеат со ХИВ или од страна на сопствениците на нивните станови. Индексот за ХИВ стигма во В. Британија, публикуван во 2015, намерно вклучил трансродни лица и истражувале интеракции на транс- и ХИВ- поврзани дискриминации преку точен и инклузивен мониторинг за родов идентитет. Изненадувачки, 52% од испитаните трансродни лица изјавиле дека нивнoто откривање на ХИВ статусот ги зајакнало и се стекнале со позитивно искуство, а една трансродова жена изјавила „со ова ја зајакнав една од моите најважни животни врски“. Сепак, трансродните и родово неодредените лица кои одговориле на анкетните прашања пријавиле бројни негативни искуства кога сакале да пристапат до здравствени и социјални услуги, кои се совпаѓаат со едно неодамнешно истражување во кое е објавено дека еден од пет здравствени работници ги слушнале 75