2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
Поради тоа што трансродните лица се соочуваат со различни пречки кога се
обидуваат да пристапат до здравствени услуги, како што е стигма, трошоци
и превоз, тие можат понекогаш да бараат помош на подискретен начин,
како што е илустрирано во примерот подолу (Рамка 2.17).
Рамка 2.17
Пример на случај: Навигација за здравствена грижа и
правни системи во Источна Европа и Централна Азија
Рускиот колектив FtM Phoenix обезбедува онлајн поддршка за трансродните лица од 12
земји во Источна Европа и Централна Азија. Во сите овие земји правното признавање на
родот бара медицинска дијагноза за трансексуализам. Сепак, Министерството за здравство
прифатиле релевантни процедури во само три од овие земји; за да се добијат нови
идентификациски документи во останатите земји, трансродните лица мораат да го докажат
својот идентитет пред суд или матичар. Следењето на овие барања и обезбедувањето на
потребните документи од страна на давателите на здравствените услуги може да биде
огромно. Со следење на повеќегодишни истражувања и застапувања, FtM Phoenix дури од
2008 ги поврзува трансродните лица со трансродно – компетентните даватели на услуги за
родово потврдување и други слични услуги.
www.facebook.com/transsovetnik
За повеќе успешни примери во врска со стигма и здравствена грижа, како
и обезбедување на транс-компетентни здравствени услуги, погледнете во
Поглавје 3 и 4.
2.2.9 Секојдневни активности
Во непријателски услови, безбедноста е особено голем предизвик со кој
се соочуваат трансродните лица. Според ЛГБТИ организацијата Kyrgyz In-
digo, безбедност за трансродните жени е комбинација од повеќе фактори,
почнувајќи со финансиска независност и правна помош, кои што водат до
лична и емоционална стабилност и сигурност.
Кога ќе се обезбедат безбедноста и сигурноста, ефективноста на
програмот значително се зголемува. На пример, Украинската организација
Insight, која работи со ЛГБТ индивидуи, претрпела повеќе напади врз
нивните канцеларии, но после тоа инсталирале опрема за обезбедување
на канцеларијата, како и технологии за да се подобри безбедноста на
информациите кои се наоѓаат во компјутерите и веб страните, со што
посетеноста на клиентите се зголемила дури за 30%. Други практични
приоди со кои една заедница може да ја зголеми безбедноста на нивните
членови вклучува извештаи за напади, осигурувајќи се дека бројот за итна
е секогаш при рака, како и вклучување во кампањи за анти- трансфобија (за
повеќе примери, погледнете во Поглавје 3, Рамка 3.15.
74