My first Publication TRANSIT tool | Page 74

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Рамка 2.15 Пример на случај: Правно застапување во САД Центарот за сексуално здравје МАРСА во Бејрут, отворен во 2011 година е еден од првите Средно европски центри кој дава услуги на маргинализираните индивидуи, вклучувајќи млади лица, ЛГБТ индивидуи и лица што живеат со ХИВ. Центарот обезбедува сеопфатна сексуална здравствена грижа како и психолошко и социјално советување. Марса многу брзо станала најпопуларен објект од таков вид во Либан поради неговиот почитувачки и неосудувачки став кој дава анонимност и доверливост. Центарот обезбедил пристап до квалитативни услуги меѓу локалните трансродни популации и во 2014 започнале проект за обезбедување на место за нив каде што ќе можат да комуницираат и да дискутираат за нивните здравствени грижи и мислења во врска со транзиција, оналјн или лично. Центарот исто така обезбедува и принтани материјални во врска со транзицијата, правните проблеми и други теми од релевантно значење за трансродните лица. www.marsa.me/trans Рамка 2.16 Пример на случај: Соработка со Владата за решавање на прашањата во врска со здравствените потреби во Еквадор Здружението АЛФИЛ започнало како помошна организација за геј мажи, а подоцна се проширило со што сега вклучува и лезбејки, бисексуалци и трансродни лица. Работата на ова здружение е фокусирање на тргнување на пречките за пристап до здравствена грижа. После консултирање со трансродните лица во врска со нивните здравствени потреби, АЛФИЛ организирале тренинзи и состаноци за подигање на свеста за професионални здравствени работници и побарале помош од Министерството за здравство во провинцијата Пичинча за да воведат трансродна здравствена клиника во една од канцелатиите на АЛФИЛ во Куито. Во клиниката прво работеле обучени работници од страна на Алфил, заедно со волонтери и други помошници. Една студија го демонстрирала клиничкото позитивно влијание врз трансродните клиенти, и покрај нередоната услуга од страна на лекарите. Предизвикот бил надминат и сега два лекари и два психотерапеути биле редовно достапни. Клиниката сега станала и место за состанок и референтен центар за трансродните заедници и продолжила да го зголемува позитивното влијание кое добрата медицинска практика може да го има врз трансродните заедници. Извор: Предавања од прва рака: здравствена грижа и правата на трансродните лица. New York: amfAR, Фондација за истражувања на СИДА и Глобални активности за еднаквост на трансродните лица http://www.amfar.org/frontlines 73