2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
• Грижа за полово потврдување: Едни од најважните услуги барани од
трансродните лица се операциите и мединските интервенции за родово
потврдување 8 , но тие најчесто не им се достапни. Додека хормоните
или другите хируршки интервенции можат да бидат достапни за оние
лица кои се на третман за канцер, контрацепција или репродуктивно
здравје, тие се често недостапни за трансродните лица поради тоа што
здравствените установи сметаат дека тие ги користат како козметички,
медицински непотребни, па дури и како израз на ментално пореметување.
Дури и тогаш кога можат да бидат достапни за трансродните лица, тие
се премногу скапи и скоро никогаш не се покриени од фондовите за
здравство или осигурителните агенции. Поради ова, се зголемува и
ранливоста на овие лица.
„Кога отидов во колиника да се тестирам за ХИВ и СПИ, здравствените работници
веднаш ме прашаа да се изјаснам во врска со мојата сексуална ориентација. Како
повеќето трансродни сестри, јас избегнувам да ги користам услугите за здравствена
грижа во Фиџи, поради страв од дискриминација. Тие не ги разбираат и почитуваат
родовите и сексуални различности.“
- Млада трансродна жена од Фиџи
Наоѓање решенија
Со идентификување на пречките и олеснувачките фактори за учество
на трансродните жени во испитувањата за ХИВ, довело до следниве
препораки: тренинзи за сензитивност на трансордните заедници;
транс-компетентни услови; вистинско партнерство со локалните транс-
компетентни организации и даватели на здравствени услуги; протокол кој
се фокусира на специфични прашања кои се од интерес на трансродните
лица и собирање и следење на податоците на трансродните индивидуи.
Некои земји, како Уругвај, Бразил и Чиле, издале посебни идентификациски
картички за трансродните лица кои аплицираат кај нив, за да ги користат
кога сакаат да побараат медицинска помош.
Во повеќе земји, активистите пробале да се справат со пречките за
здравствена грижа од страна на здравствените работници. Поради
промената на здравствените работници, промените не се долгорочни.
Одржливо влијание на промените бара систематски тренинзи на
здравствените работници, најчесто со вклучување на министерството
за здравство и внатрешните државни образовни ситеми кои што можат
да го олеснат воведувањето на специјални курсеви во универзитетите и
институциите за ресертификација. Формирањето на центри со најдобра
практика исто така може да биде од помош за развој на професионалци
кои подоцна можат да го олеснат врсничкото учење (Рамки 2.15 и 2.16).
Покрај тренинзите за здравствените професионалци, учењето и
зајакнувањето на трансродните лица во врска со нивните права како
клиенти во здравствените установи е од голема важност.
8. Родово потврдување се однесува на медицинска процедура која и овозможува на една трансродова
личност да живее поудобно во своја кожа или во својот родов идентитет.
72