My first Publication TRANSIT tool | Page 72

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Рамка 2.14 Пример на случај: Правно застапување во САД Трансродниот центар за закони е меѓународна, мулти-дисциплинарна организација која работи за да ги промени законите, политиките и однесувањето со што сите луѓе ќе можат да живеат безбедно и без дискриминација поради нивниот родов идентитет или изразување. Помошната линија за правни информации обезбедува основни информации во врска со законите кои се однесуваат на трансродните лица, вклучувајќи вработување, здравствена грижа, граѓанско право, семејни закони и закони за промена на документите. Овој центар има помошна линија за правни информации кои можат да се добијат преку телефон или интернет. Повикувачите можат да остават детална порака за тоа што ги интересира, а исто така оваа инфо линија им обезбедува на лицата кои се во затвор да им се обратат и да остават колективна порака. Секоја побарана информација е прегледана и одговорена од легитимен член на заедницата. www.transgenderlawcenter.org/help 2.2.8 Здравствена грижа „Во клиника, јавниот здравствен инспектор прво ме исмејуваше поради мојата појава, пред да ме испрати на лекар, кој потоа ме навредуваше поради мојата желба да станам жена и да имам сексуални односи со мажи. Тој ме замоли да се откажам од оваа „гадна“ идеја и да продолжам да живеам нормален живот како машко. Бев многу разочаран со нивниот однос кон мене и сто пати се покајав што воопшто побарав помош, и си реков сам на себе дека ова ми е последен пат!“ - Млада трансродна жена од Шри Ланка Трансродните лица во повеќе ситуации од животот се соочиле со пречки за здравствена грижа, вклучувајќи искуство на стигма, дискриминација и насилство. Неколку студии покажале дека трансродните лица се соочиле со повеќе предизвици кога барале пристап до грижа за промена на пол и редовни прегледи, вклучувајќи одбивање на пружањето услуги, малтретирање и недостаток на доволно компетентни и чувствителни вработени со адекватно знаење за нивните потреби. • Примарна здравствена заштита: Стигматизацијата од страна на здравствените работници може да биде во форма на навредливо етикетирање, понижувачки односи, навреди и нарушување на приватноста. Дискриминацијата е често институицирана уште од првиот контакт ако вработените во канцелариите за регистрација инсистираат на користење на полот од раѓање во исполнувачките форми за регистрирање, како и кога вработените не се доволно обучени, чувствителни и неосудувачки. • Ментална – здравствена заштита: Трансфобијата исто така допринесува за влошување на менталното здравје на трансродните лица, кои патат од депресија и самоубиствени мисли. Во повеќе поставки, психосоцијалните услуги за трансродните лица се недоволно развиени или воопшто не ни постојат, а таму каде што постојат, често не се лесно достапни поради високи трошоци. Поради тоа што е потребна потврда од здравствените установи за заштита на менталното здравје за да се даде дијагноза за родова дисфорија во врска со промената на полот, трансродните лица често на услугите за заштита на менталното здравје гледаат негативно. 71