My first Publication TRANSIT tool | Page 71

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Рамка 2.12 Пример на случај: Застапување за правно признавање на родовиот идентитет во Русија Проектот за Правна одбрана на трансродните лица, започнат во 2012 година, е предводен од група на адвокати волонтери и претпоставени правни лица кои се активисти за правата на трансродните лица и се соочуваат со прашањата поврзани со правното признавање на родот. Организацијата одговата на прашања од сите Руски региони и ги поврзува индивидуалците кои живеат надвор од Русија со организациите кои што можат да им помогнат за да добијат правна помош во земјата во која што живеат. Додека одредбите за промена на името и маркерите за родови постојат во Русија, тие можат да бидат искомплицирани од страна на влијателни правни и оперативни пречки. Проектот помага да се подготви правна документација и поддршка и советувачки тренинзи во процесите за правно родово признавање. Организацијата има и Фејсбук страна, како и Руска веб страна www.vkontakte.ru за да ги објават своите активности и да бараат нови клиенти. Во 2014, проектот победил во еден случај во Судот на градот Москва, користејќи одредби од Европската конвенција за човекови права и утврдиле дека промената на полот ги диктира сите аспекти од приватниот живот на индивидуата и треба да биде поддржана од страна на државата. Со обезбедување на над 380 консултации и презентации за околу 40 судски случаи во 2014 година, организацијата исто така гради и база на податоци на случаи кои можат да послужат за да влијаат врз идните одлуки на судот и да ги зајакнат законите. Заедно со своите партнери, организацијата може да соработува за поднесување на посложени случаи во и надвор од доменот на потребите за идентификација и насилство до Европскиот суд за човековите права. www.pravo-trans.eu/about-us Рамка 2.13 Пример на случај: Соработка за правна помош помеѓу центарот за жени и колективот на сексуални работници во Јужна Африка Женскиот правен центар обезбедува правни совети и поблиска соработка со Образованието на сексуалнтие работници и Застапувањето за работна сила и Сисонке, движењето на сексуалните работници од Јужна Африка. Ова започнало со работилници за човековите права и закони, после кои што некои сексуални работници станале претпоставени работници во заедницата кои што пружале правни совети на сексуалните работници и ги придружувале во судовите. Оваа иницијатива развила информациска картичка „Моите права при соочување со полицијата“ која можат да ја носат сексуалните работници за самите да се погрижат за нивните права. Преку правната и релевантната помош која им се пружа на сексуалните работници, забележано е значително подобрување во однесувањето на полицијата врз сексуалните работници. Извор: http://www.opensocietyfoundations.org/sites/default/files/bringing-justice- health-20130923_0.pdf 70