My first Publication TRANSIT tool | Page 70

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права трансексуалните лица да влезат во државата или да бараат азил дури и кога се во бегство поради трансфобија во нивните сопствени држави. ХИВ позитивниот статус може да биде друг фактор кој што води до нарушување на основните човекови права за да влезат или излезат од една земја. • Религиозна стигма: Козервативните религиозни однесувања можат да влијаат врз законите и политиките на начини кои што имаат негативно се одразуваат врз трансродните лица. На пример, религиозните групи можат да влијаат врз законите за семејно насилство, кои немаат стриктни дефиниции за родот на вклучените странки, кои инаку би можеле да послужат за да ги заштитат трансродните лица. Наоѓање соодветни решенија Вклучувањето со полицајците и давателите на социјални услуги е од голема важност за да се решат прашањата во врска со потребите на трансродните лица кои се во било каква криза. Тренинзите за полициска сочувствителност биле спроведени во САД, поради голем бран анти-транс насилства, Државниот оддел за правда ги започна овие тренинзи за зајакнување на законските органи во врска со родовите идентитети и на Филипините, каде што меѓународната полиција зема учество во родово-сексуалните тренинзи кои вклучуваат фокусирање на потребите на трансродните лица. Додека овие интервенции можат да имаат значајно влијание, тие мораат да бидат одржани преку долгорочни и формални полициски процедури. Обезбедувањето пристап до правда и пријавувањето на случаите на насилство врз трансродните лица е од особена важност за да се осигура дека постои смена во полицијата. Во непријателски настроени услови, обезбедувањето на правда е тешко, но неопходно и меѓународните механизми треба да бидат сметани за подмирување на случаите и зголемување на притисокот врз власта за да ги реши прашањата поврзани со насилствата. Додека правната помош бара паричен надоместок, про-боно преговарањата со заинтересирани адвокати и вклучувањето на трансродни активисти кои имаат чиста правна позадина во оваа работа може да биде ефективно. Дополнително, во земјите каде движењета на трансродните лица се се уште во зачеток, формирањето на библиотека за случаи и градење на правните преседани или лекови можат да допринесат за долгорочно подобрување на ситуацијата. 69