My first Publication TRANSIT tool | Page 69

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права односи кои не се пенис – вагина. Според ова, трансродните лица се особено чувствителни за силувања како и за други форми на насилство и нарушување на човековите права. Најчесто, полицајците се сторителите на ова насилство. Повеќето закони против насилството не вклучуваат анален секс, оставајќи ги трансродните лица без легална заштита ако се анално силувани. Во склоп на заедниците и организациите за сексуални работници, признавањето на сексуалните трансродни работници е важно за да се обезбедат нивните основни потреби. На пример, во Нов Зеланд, Колективот на проститутки започнал теренски проект кој работи исклучиво со трансродни сексуални работници за да се реши прашањето со нивните социјални, медицински и вработувачки потреби. Додека сексуалната работа е дискиминализирана во Нов Зеланд, сексуалните работници можат да пријават неправда на работното место; сепак, поради високата стапка на стигма, сексуалните работници не би се осудиле да го направат тоа. 2.2.7 Правна и политичка стигматизација и насилство Трансродните лица се исклучени од општеството на различни начини, и нивното маргинализирање ги исклучува од услугите и го зголемува нивниот ризик за искуство на насилство и зараза со ХИВ. Некои посебни видови на правна и политичка стигматизација се претставени подолу: • Криминализација: Во повеќе земји кои ја забрануваат исто-половата сексуална врска, секс помеѓу трансродна жена и трансроден маж и не- трансроден маж, или помеѓу трансроден маж и нетрансродна жена, има висок степен на криминализација. Во некои земји, забраните против „хомосексуалната пропагана“ ги прават трансродните лица сомнителни за полицијата, поради мислењето дека трансродните лица се хомосексуалци. Додека од страната на владата е пружена многу мала помош и заштита, извршителите на насилството ретко се казнети за своите дела. • Полициско малтретирање и насилство: Спроведувањето на законите како што се оние наведени погоре, криминализацијата на сексуалната работа, конзервативното однесување на општестовот и не-образованоста прават полициското насилство и малтретирање врз трансродните лица да биде честа и нормална појава. Во неколку земји законите за „јавна непријатност“, „бездомништво“, и „јавен ред“ се широко искористени од страна на полицајците за да ги малтретираат или искористуваат трансродните лица. Некои земји во Азија, Африка, Карибите и Пацификот ги одржуваат законите против „крос-дресингот“ кои можат да бидат искористени за трансродните лица. Кога ќе бидат лишени од слобода, трансродните лица се соочуваат со насилство не само од полицијата, туку и од цимерите во ќелиите, поради тоа што се ставаат во ќелии според полот на раѓање, иако нивниот надворешен излед не се совпаѓа со него. • Миграција: Пречките за мобилизација можат да ги ограничат важните животни активности на трансродните лица. Земјите каде исто-половите врски и/или промената на полот се криминализирани можат да спречат 68