2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
пристап до соодветен дом за трансродните лица (Рамка 2.10), покажувајќи
дека се можни значителни промени и покрај тешките околности.
Рамка 2.10
Пример на случај: Директна помош за
вдомување во Замбиа и Јамајка
Два примери ги илустрираат двете можности и предизвици за обезбедување на домашна
грижа за сите членови од трансродните заедници.
TransBantu Замбиа, организација која и служи на државната трансродна заедница, имала
воведено куќа за да смести три трансродни мажи и три трансродни жени во период од три
до шест месеци за да им помогне да застанат повторно на свои нозе. Како дел од програмот,
станарите би помогнале со активности во канцеларијата и би присуствувале на тренинзи со
организацијата. Поради непријателските односи врз трансродните лица во Замбиа, овие
куќи морале да имаат обезбедување.
Проектот SafeHouse во Новото Царство, Јамајка, бил создадел преку финансирање од страна
на ЛГБТ заедницата, предводена од млади трансродни жени. Три-креветниот транзициски
програм во Новото Царство им нудело слободно место за престој до 9 месеци на ЛГБТ лицата
од 16-25 години кои биле отфрлени од семејството, се додека не застанат на свои нозе и
не станат независни. Во овие домови работеле обулени луѓе во кујната, обезбедувањето,
одржувањето на хигиената и др.
Во тек на публикување на оваа публикација, дветe програми биле суспендирани поради
недоволно обезбедување или недостаток на финансиски средства.
Рамка 2.11
Пример на случај: Домашна помош за
трансродните лица во САД и В. Британија
Трансродовата правна одбрана и Образовно финансирање во САД работи за да ги заштити
трансродните лица од домашна дискриминација, како сопственици кои одбиваат да им
изнајмат апартмани или агенти за недвижности кои не им дозволуваат да изнајмат било
какви објекти. Пружена е помош и за трансродните лица кои се соочуваат со малтретирање
или закани за иселување од страна на сопствениците на нивните живеалишта.
Во Лондон, В. Британија, Stonewall Housing овозможува месечни совети во врска со
живеалиштата во CliniQ, единствено место каде што се пружаат услуги за трансродните лица.
Услугите им овозможуваат на клиентите да добијат широк спектар на услуги и поддршка.
www.tldef.org / www.stonewallhousing.org
2.2.6 Сексуална работа
Трансродните жени и некои трансродни мажи често имаат потреба да
се вклучат во сексуална работа како нивен единствен начин да работат
после отфрлувањето од нивните семејства, пријатели или системски и
општествени дискриминации и исклучувања. Некои од нив работат во
сексуалната индустрија поради врсничките притисоци, потребата да имаат
животна комоција и исто така да заработат доволно парични средства за
медицинска транзиција.
Сексуалната работа
е нелегална во повеќе земји низ светот и
криминализирана во неколку од нив. Криминализацијата е обично
придружена и со законите за „содомија“ кои ги казнуваат сексуалните
67