My first Publication TRANSIT tool | Page 65

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права сакаат да бидат нарекувани, без разлика на нивниот пол, како и да имаат пристап до тоалет според нивниот избран родов идентитет. Рамка 2.5 Пример на случај: Почитување на правото на трансродните студенти за родов идентитет во Колумбија Во Август, 2013 година, трансродова девојка (се нарекувала Бриана) поднела тужба против средно училиште во Магалена, поради тоа што не ја примиле на студии поради нејзиниот родов идентитет, сметајќи дека се нарушени нејзините основни права на образование, еднаквост, слободен развој на личноста и човечкото достоинство. Понизок суд одлучил дека хомосексуалноста е ненормална состојба, дека слободниот развој на личноста не е потполн и дека студентот мора да ги прифати нормите за однесување на училиштето. Потоа, Врховниот суд ја прегледал нејзината жалба и оваа одлука, и дозволил на Бриана да студира и им наредил на претставниците од училиштето дека мора да ја примат без разлика на нејзиниот родов идентитет. Исто така наредиле да се воведат дополнителни часови за запознавање со правата на ЛГБТИ заедницата, за студентите и за наставниците. Врховниот суд исто така му наредил на понискиот суд дека треба да ги отфрли сите предрасуди против трансродните лица. По оваа одлуки, Министерството за внатрешни работи објави пресуда која им овозможува на трансродните лица официјално да го променат нивниот пол и име според нивниот родов идентитет, без претходно одење на психијатар и евалуација, како што е случај во Аргентина, Уругвај и Мексико Сити. Рамка 2.6 Пример на случај: Решавање на потребите за религиозно образование на транс лицата во Индонезија Муслиманските трансродни лица во Yogyakarta сметаат дека е предизвик да добијат учење на исламот и да понудат молитви во јавните џамии, каде што мажите и жените често се разделени при молитвата. Како одговор на ова, во 2008 година една локална транс- жена отворила училиште за да обезбеди безбеден простор за транс луѓето каде што тие ќе можат да учат за исламот и да ја подигнат јавната свест за нивното право на служење. Неформалното образование вклучува учења на Куранот, дискусии и разговори поврзани со проблемите на трансродните лица во контекст на исламот. Училиштето е поддржано од доброволци во заедницата, со ангажирање од локални и соседски верски водичи и провинциски верски власти. Таа има развиено договор со локален универзитет за да помогне во едуцирањето на студентите, кои сега ги има 41 на број. Општата јавност во Yogyakarta, исто така, го прифаќа училиштето, и помогна да се сменат негативните ставови кон транс луѓето. Ова искуство покажа дека е можно да се влијае врз ставовите кон транс луѓето со тоа што прво работат неформално со религиозните лидери да развијат разбирање и да создадат сојузи кои поддржуваат застапување на повисоки провинциски нивоа. Ова е од витално значење во индонезискиот контекст, каде што децентрализацијата овозможува клучна власт со провинциските влади. 2.2.4 Вработување Трансродните жени обично се исклучуваат од работната сила. Дискриминацијата се случува во сите нивоа на процесите на вработување, вклучувајќи ги регрутирањето, можностите за обуки и пристапот до работа и партнерски бенефити. Дури и таму каде што законите за родовите 64