2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
идентитети важат, проблемите со вработувањето се уште не се решени.
Поголемиот број на трансродни жени сметаат дека нивните можности за
да се вработат како козметичари, забавувачи или сексуални работници
се ограничени. Невработувањето води кон сиромаштија, општествено
исклучување и бездомништво. Во земјите каде здравственото осигурување
е финансирано од вработувачите, невработувањето исто така ги исклучува
трансродните лица од здравствена грижа.
Повеќе трансродни лица сметаат дека со признавање на родовиот идентитет
тие ќе имаат повеќе шанси за вработуање – ако родот на личноста е легално
признаен, тој може да ги охрабри трансродните лица да аплицираат за тоа
за што се најквалификувани. Владата треба да се потруди да им обезбеди
на трансродните лица безбедност и еднаквост, но кога нема вакви напори,
трансродните активисти пронашле други начини за да се создадат повеќе
можности за трансродните жени.
Рамка 2.7
Пример на случај: Создавање можности за
трансродните жени во Аргентина
Започната од група на трансродни жени во 2006 година, каде што трансродните лица од
Аргентина не ги уживале нивните права во потполност, групата за соработка Nadia Echazu
обучиле жени со економски можности и способности за трговија. Со правење на продукти
кои се со висока побарувачка, оваа соработка била успешна и им дозволила на членовите да
започнат свои сопствени бизниси. Активистите од овие групи биле вклучени во воведување
на училишта за родово не-потврдените тинејџери и деца кои во спротивно би биле изложени
на ризик од исфрлување од училиште.
ATTTA (Асоцијација, Травестити, Трансексуалци, Трансродни лица од Аргентина) соработувале
со Министерството за труд и социјала за да ги обучат трансродните жени да се грижат во
домовите за стари лица. Овие напори резултирале со сеопфатни здружени програми помеѓу
министерството и трансродните организации. Во меѓувреме, Меѓународниот институт
за дискриминација, ксенофобија или расизам (NADI) обезбедиле погласни политики за
трансродните работници и соработувале со синдикатите за да се спроведат чувствителни
тренинзи и дијалози во врска со сексуалното разнообразите.
Извор: http://newint.org/features/2013/06/01/argentina-transgender-rights http://www.
argentinaindependent.com/socialissues/humanrights/transsexuals-democracys-forgotten
Важно е да се напомене дека трансродните работници не треба да бидат
обучени да работат само во одредени професии. За да се постигне
еднаквост и целосно да го остварат својот потенцијал, потребни се напори
за проширување на пристапот на транс луѓето на сеопфатни можности за
вработување.
65