2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
Рамка 2.4
Пример на случај: Алатка за спречување на проблемот со
насилство од страна на интимните парнери во САД
Меѓународната коалиција на САД за борба против насилство објавиле Алатка за решавање
на прашањето за IPV (насилство од интимниот партнер) врз трансродните лица. Алатката
потенцира (1) видови на насилства со кои можат да се соочат трансродните лица во интимна
врска, (2) активности на заедницата кои можат да се превземат за да се спречи насилството
од страна на интимниот партнер, (3) полициски и институциски активности кои се потребни
за решавање на проблемот со насилството и (4) лично планирање, мерки и активности кои
може да ги превземе поединецот за да се заштити самиот себеси и да побара помош.
На пример, на ниво на заедница, оваа алатка дава инстукции и активности за:
· Ангажирање на членовите од заедницата преку теренска работа;
· Лоцирање на членовите од заедницата преку мапирање;
· Ислушување на мислењето на членовите од заедницата за насилството од интимниот
партнер;
· Образување на членовите од заедницата околу насилството од интимниот партнер и
што може да се превземе во врска со тоа;
· Вклучување на членови од заедницата преку градење на редовни состанци.
Освен во САД, алатката може да се примени и во сите други земји и таа е достапна онлајн,
на веб страницата: www.nbjc.org/sites/default/files/files/ncavp_trans_ipvtoolkit.pdf
Слична алатка развиена од страна на Велика Британија, АVA (Против насилство и
злоупотребување) може да се превземе на следниот линк: http://www.avaproject.org.uk/our-
resources/reports--publications/domestic-violencea-resource-for-trans-people-(2009).aspx
2.2.3 Образование
Во повеќе земји, трансродните лица можат да бидат стигматизирани уште
од рана возраст и можат лесно да бидат исклучени од образовните установи
поради потсмевање и институциска дискриминација, како присилен начин
на облекување (униформа и соодветна должина на косата) или несоодветни
услови во тоалетите. Ова се среќава и во религиозните и во останатите
училишта или факултети. Религиозните институции можат да го загрозат
многу повеќе животот на трансродните деца. Образовниот јазол кој е
предизвикат поради голема стапка на исклучувања од училиште создава
социјална маргинализација и сиромаштија кај овие лица. Поголемиот број
на анкетирани жени во Јужна Африка имале завршено високо образование,
но генерално работат на позиции под нивните можности.
Иако правната рамка генерално не успева во заштита на трансродните
лица во училиштата и универзитетите, постојат мал број на позитивни
примери, како што е во Јапонија, каде што во 2015 година Министерството
за образование им наредило на училиштата да ги прифатат трансродните
студенти според нивниот веќе избран родов идентитет. За да се спречи
потсмевањето и омаловажувањето на Бразилските студенти и ученици,
како и нивното исклучување од училиште, била донесена одлука од страна
на советот на владата за разивање на резолувија која им дозволува на
трансродните ученици да носат униформи и значки со име со кое што
63