My first Publication TRANSIT tool | Page 63

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права закони, каде што трансексуалните лица се приморани да се омажат или оженат за да не ги срамат родителите. Поради овие ситуации, трансродните лица често имаат проблеми со здравјето, предизвикани од голем стрес. Поддршката од семејството може да ги намали здравствените ризици меѓу трансродните лица и да ја подигне нивната самодоверба на високо ниво. Пример за тековни напори да се спречи семејното насилство е Проектот за Семејно прифаќање, на Државниот факултет во Сан Франциско. Овој проект користи модел на научни и информации со докази за благосостојба, превенција и грижа за зајакнување на семејствата преку обезбедување на ЛГБТ обуки и семејно-базирани консултации. 2.2.2 Насилство од интимниот партнер „Кога ќе запознаеме нов партнер, ние се трудиме да бидеме во интимна врска во која и двајцата ќе бидеме верни еден на друг. Поради тоа имаме незаштитен секс со новиот партнер. Но, поголемиот број од нив не се држат до ова ветување и врската ја откриваат на нивните пријатели. Потоа, нивните пријатели не уценуваат за да имаме не-доброволен секс со нив. Ова е еден од најлошите видови на насилство со кое се соочуваме. Тоа води до депресија, обиди за самоубиство, губење на доверба, и како најстрашно, чувство дека сте избуле се: семејство, пријатели и љубовта“. - Одговор во фокусирана група за дискусии во Делхи во тек на студија за насилство спроведено од страна на ХИВ/СИДА алијансата Трансродните лица имаат значително повеќе шанси да се соочат со насилство од нивните интимни партнери отколку останатите групи, а трансродните жени повеќе од трансродните мажи. Ваквото насилство не вклучува само физичка агресија, туку и омаловажување пред непознати или на работа, забрана за дружење со останати трансродни лица, користење на нивниот страв од полиција за да ги искористуваат за различни работи, присилување на незаштитен секс, сексуална манипулација, уценување и др. 62