My first Publication TRANSIT tool | Page 62

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права 2.2 Спречување стигма, дискриминација и насилство Како и останатите човечки битија, така и трансродните лица живеат во различни услови и нивниот живот е исполнет со комплексна динамика. Разбирањето на ова е од голема важност за изготвување на соодветни програмски одговори. Фигурата 2.1 покажува како структурните фактори кои ги нарушуваат нивните човекови права влијаат врз трансродните лица општо и како поединци. С Т И Г М А / Т Р А Н С Ф О Б И Ј А НАРУШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЕФЕКТИ ВРЗ ЗАЕДНИЦАТА Неподдржувачки политички услови/ Криминализација Полицијата често забранува вадење на посакувани документи; трансродни лица често фалат во програмите за меѓународен ХИВ одоговр; недостаток на заштита базирана на родов идентитет и хомосексуалност. Само-стигматизирање / сиромашно ментално здравје Стигма во внатрешноста на заедницата води до многу сиромашно ментално здравје; висок ризик на сексуални однесувања кој е исто така поврзан со сиромашното ментално здравје. Недостаток на родово признавање Неможност една личност да добие признание за посакуваниот род, поради недостаток на пристап до родово потврдувачките услуги, недостаток на прифаќање и стуктурни пречки. Нарушување на физичкото, емоционалното и сексуалното здравје Од семејството (вклучувајќи ги и интимните партнери(, наставниците и другите студенти, членовите од заедницата и полицијата. Неадекватна здравствена грижа Малку транс-пријателски/транс- компетентни здравствени центри, пружатели на помош со малку познавање; стигма и дискриминација во здравствените установи. Ниско образование Предвремено отпишување од училиште поради потсмевање, малтретирање. Затворање/Притвор Најчесто поради криминализација или полициско малтретирање на трансродните сексуални работници; притвор, задржување и полициско насилство се познати фактори за ХИВ пренесување. Невработување Поради дискриминација, недостаток на правно признавање и низок пристап на образование. Сиромаштија/Бездомништво Поради невработувањето, принудени се да ги напуштат домовите. ЕФЕКТИ ВРЗ ИНДИВИДУАЛНОТО ОДНЕСУВАЊЕ Висок ризик на сексуално однесување Желба да се признае родот преку несоодветни сексуални однесувања; секс без кондом за да се заработат повеќе пари. Низок пристап до услуги Како резултат на намален пристап до информации, финансиски бариери, недостаток на услуги за стигма, негативни минати искуства и сл. Сопствен третман Недостатокот на пристап до родово потврдувачките услуги води до сопствен третман за хормони и медицински процедури од страна на несоодветни вработени. Зголемен ризик на ХИВ. Користење на супстанции Поврзано е со висок срес, слабо ментално здравје, сексуална работа; носи ризик за незаштитен секс. Сексуална работа Избор кога има недостаток на образование, дискриминација и недостаток на правна идентификација; зголемен ризик и изложеност на насилство. ВИСОК Фигура 2.1 Општествени детерминанти за здравјето 2.2.1 Семејство „Моите родители ми се закануваа дека ќе се откажат од мене. ‘Тоа е грев’, ‘Јас сум болна’, ‘Сакаа да ми го осакатат телото’, и сл. Почнав да пијам прилично многу уште од мојата 14та година. Потоа, само продолжив да го правам тоа“. Од Неправда во секој поглед – извештај на Меѓународното Истражување за Трансродова Дискриминација, САД Трансродните лица често не се сигурни ни помеѓу своето најблиско семејство. Некои родители, браќа, сестри или други роднини можат да покажат грижа за трансродното лице од нивното семејство, повеќето се срамат од нив или сметаат дека тоа дете го уништува угледот на семејството. Трансродните лица можат да претрпат тепање од страна на родителите или другите членови на семејството. Во некои семејства постојат и смртоносни 61