My first Publication TRANSIT tool | Page 61

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Меѓународни Во прилог на овие меѓународни и регионални рамки на човековите права и обврски, уставите на неколку земји, во кои недостасуваат конкретни одредби во врска со транс луѓето, гарантираат еднаквост на сите луѓе и заштита и почитување на човековото достоинство. Во некои земји се создадени квази судски форуми за транс луѓето да бараат ослободување од кршење на човековите права. На пример, Правобранителот во Ел Салвадор прифатил да прима жалби за ваквите проблеми. Ваквите процедури направиле значителни промени во врска со човековите права на трансродните луѓе. Со овие процеси се намалува соочувањето со стигма, се подобруваат законите и политиките, а и трансродните активисти имаат се поголемо учество во тие процеси. Рамка 2.3 Пример на случај: Обезбедување на правата и потребите на трансродните лица на политичко ниво во Индија Поради успехот на активистите кои работеле заедно со владата за да воведат Одбор за благосостојба на трансродните лица, трансродните и хиџра жените од Индискиот град Махараштра се избориле успешно за разивање на Правила на жените 2014. Овие правила, кои биле развиени од страна на Одделот за развој на жените и децата, за прв пат ги признава правата и потребите на хиџра и трансродните жени, а исто така и се залагале за активности во повеќе области како што се: 60 · Закон и криминал: Да се омекне одделот за полиција за да превземат мерки против криминализацијата врз хиџра и трансродните жени, како и да им се пружи медицинска и правна помош. · Засолниште: Да се обезбеди место и финансии за градење на засолниште за хиџра и трансродните жени. · Јавно здравје: Да се обезбеди бесплатно користење на здравствени услуги, редовни прегледи и контроли и слично. · Образование: Координирано работење на образовните и здравствените институции за државно ХИВ превенирање за да се обучат трансродните и хиџра жените во врска со сите информации за ХИВ превенција, како и обезбедување на школарини на младите хиџра и трансродни жени.