My first Publication TRANSIT tool | Page 60

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права вработувањето и здравството. Резолуцијата на Советот за човекови права на Обединетите нации за сексуална ориентација и родов идентитет во 2011 година (надограден во 2014), кој е потпишан од страна на 96 земји, ги потврди принципите на универзалните човекови права и го донесе во фокус насилството и дискриминацијата базирани на сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Извештај од 2011 година од стана на Високиот комесар на Обединетите нации (исто така надограден во 2014) се повикувал на државните членови од Обединетите нации да ги укине дискриминаторските политики, антидискриминаторни закони и да обезбеди сигурност на сексуалните малцинства. Вториот по ред извештај бил издаден од страна на Високиот комесар во 2015 година. Регионална Регионалните механизми исто така артикулираат основни човекови права за сите луѓе во тек на нивното судење, права кои важат подеднакво за трансродните лица како и за сите останати: Интер-Американската конвценција против сите форми на дискриминација и нетолеранција е одобрена во 2013 година од страна на Генералното собрание на организации од Американските држави (OAS). Базирано на Американската конвенција за човекови права, се забранува секоја форма на дискриминација и нетолеранција, особено поврзани со сексуалната ориентација, родов идентитет и родово изразување. Интер-Американската комисија за човекови права, тело на OAS, објавиле извештај за правата на ЛГБТ заедницата во кој биле правен мониторинг на ситуацијата на човековите права, совети и обезбедување техничка подршка. Африканската повелба за правата на човекот, потпишана од сите држави на континентот, освен една, обезбедува право на живот, слобода, слободно изразување, хуман третман, достоинство и еднаквост за сите лица. Европската конвенција за човекови права. Во 2010 година, 47 членови од одборот на оваа конценција се согласиле да донесат голем број на мерки за борба против дискриминацијата базирана на сексуална ориентација и родов идентитет. Овие мерки се донесе по препорака од Советот на Европа, кој е првиот сеопфатен владин договор за правата на ЛГБТ луѓето. Раководејќи се според ова, Парламентарното собрание на Европа присвоило резолуција на мерките за да се спречи дискриминацијата против трансродните лица во Европа. 59