2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права
Рамка 2.1
Пример на случај: Родово признавање во Малта
Родовиот идентитет се смета за составен дел на еден човек кој може или не мора да
подлегне на операција или хормонска терапија и предлог-законот предвидува поедноставна
процедута за издавање на документи на кои ќе стои посакуваниот род на еден поединец.
Во 2015 година Малта донесе Закон за родов идентитет, родово изразување и сексуални
карактеристики, кои обезбедуваат само-определени, брзи и пристапни процеси за родово
признавање. Тој овозможува малолетниците да имаат можност да го бираат својот идентитет
врз сопствени убедувања и добивање на подршка од нивните родители. Законот исто така
гарантира антидискриминација во сите јавни и приватни сектори.
Рамка 2.2
Пример за случај: најголемиот град на Филипините донесува уредба
за «родова рамноправност»
Во 2014 година, општинскиот совет на Кезон Сити едногласно ја усвои декларацијата «Град
на родова рамноправност» за заштита на правата на ЛГБТ лицата во сите аспекти на животот,
вклучително и образованието, работното место и политиката. Уредбата промовира нулта
толеранција за дискриминација, вклучувајќи заплашување, задевање и негативни слики во
медиумите. Покрај тоа, таа повикува на зголемени можности за наведување на сексуална
ориентација или род во различни форми; Обезбедување родово неутрални тоалети во јавните
простори и на работа; И активности против дискриминација во образовните институции и
на работното место. “Градскиот Советник за Гордоста“ беше задолжен за извршување и
следење на уредбата. Иако ова е мал чекор кон елиминирање на дискриминацијата против
транс- заедницата на Филипините, локалниот фокус на уредбата ги поддржува промените
на ниво на градот.
2.1.3 Правна и политичка рамка
Меѓународна
Со темели на основните поими на достоинство, еднаквост и безбедност на
личноста, клучните меѓународни конвенции кои владеат со човековите права
артикулираат важни побарувања врз основа на права кои се применуваат
за сите човечки суштества, вклучувајќи трансродни луѓе:
Меѓународниот пакт за Економски, Социјални и Културни права (ICESCR),
кој е потпишан од страна на 195 држави, ја забранува дискриминацијата
базирана на „раса, пол, боја, јазик, религија, политички определувања,
статус на раѓање и други форми (Член 26).
Меѓународната Конвенцијата за економско, социјално и културно право
(ICESCR), кој е потпишан од страна на 189 држави, го признава правото на
уживање на „највисоките можни стандарди на физичко и ментално здравје“
на сите луѓе (Член 12).
Конвенцијата за Елиминирање на сите форми на дискриминација врз
жените (CEDAW), кој е потпишан од страна на 164 земји, ја признава
еднаквоста на жените во сите сфери од животот, особено во едукацијата,
58