My first Publication TRANSIT tool | Page 58

2 Стигма, дискриминација, насилство и човекови права Насилството врз основните права на личноста предизвикува сериозни недостатоци во секојдневниот живот. Недостатокот на легално родово признавање може да направи трансродните лица да извадат било какви документи кои што го покажуваат нивниот избран род. Едноставните секојдневни активности – купување на билети за воз, телефонска линија, работа, отворање на сметка во банка или присуство во училиште, се работи кои се скоро невозможни за овие лица. Во земјите каде законите велат дека само родот со кој е родено лицето може да стои на неговиот пасош или друг документ за идентификација, може да настане непријатна ситуација и да има насилство врз трансродните лица поради нивниот надворешен изглед кој не е соодветен со родот од раѓање. Некои земји го имаат признато родовиот идентитет како легален и покрај машко – женските недоразбирања и така ги прошириле конституциските права за поголем број на трансродни лица: • Во 2007, Врховниот суд на Непал го отвори патот за признавање на трет род во официјалните државни документи. • Во 2007, Врховниот суд на Пакистан изработил Меѓународна база на податоци и регистрација за да додаде „трет род“ колона во документите за идентификација за трансродни лица, со што им даваат право да се регистрираат како легитимни гласачи. • Во 2014, Врховниот суд на Индија овозможил признавање на трансродните лица како трет род и трансродните жени да се идентификуваат како жени, а трансродните мажи како мажи, со гаранција на родова еднаквост во рамките на уставот на државата. Во повеќе земји, промена во документите за идентификација не може да се направи, доколку лицето не направи операција за промена на полот. Ваков медицински зафат може да биде клиничка дијагноза или родово пореметување или родова дисфорија. Во некои случаи оваа дијагноза има потреба од регистрација, задолжителна психотерапија или подолг престој во психијатриска болница. Сепак, во последно време се појавиле позитивни промени: • Аргентинските активисти и законодавци успеале да го пуштат во употреба Законот за родов идентитет, изгласан во 2012 година, кој е воедно и прв закон од таков вид за родово легализирање без предрасуди, судења, психијатриски или медицински интервенции. • Во 2014, Данска изгласала закон кој им дозволил на граѓаните да го променат својот родов идентитет без потреба да подлегнат на медицинска операција, која што порано била неопходна. • Во 2015, во Мексико Сити спровеле реформи за својот Граѓански законик за да се воведат одредби слични на тие од Аргентинските закони. • Во 2015, во Колумбија издале министерска декларација во која е дозволена промена на родовите маркери од раѓање, преку едноставна административна постапка. 57