My first Publication TRANSIT tool | Page 48

1 Зајакнување на заедницата 1.8 Поддржување на мобилизацијата и одржување на движењата во општеството Мобилизацијата на заедницата е тесно поврзана со зајакнувањето на заедницата. Тоа е процес каде што трансродните лица ги користат нивните знаења, сили и вештини за да ги решат заедничките проблеми преку соработка. Застапувањето е една форма на мобилизација, но постојат и други форми како: • Зголемување на свеста на членовите од заедницата во врска со нивните права • Откривање на бариерите за ХИВ превенција и пристап до ХИВ услугите намалување на здравствените ризици, вклучувајќи и здравствено-сексуални ризици • заедничко решавање на предизвиците со стигма, дискриминација и насилство • развивање на способности за лидерство Градењето мрежа и врски е многу важна компонента на комуникациската мобилизација. Формирање мрежи, здруженија и коалиции исто така ја подобрува мобилизацијата и после одредено време може да се создаде општествено движење – поголеми групи на истомисленици кои можат да влијаат на поголема маса луѓе и да направат општествени или политички промени. Како пример за тоа е даден Денот за сеќавање на трансродните лица, кој е формиран во 1999 година како Интернет проект и бдеење со свеќи во чест на сите убиени трансродни жени. Овој ден е веќе доволно познат во светот и не служи само за сеќавање на жртвите, туку и да се зголеми меѓународната свест во врска со перцепцијата за трансродните лица и сите криминални дела кои се прават врз нив. 1.8.1 Градење мрежи и организациски врски Развивање на силна, успешна трансродна организација зависи толку од градењето на врските, колку од системите во кои оперира организацијата. Градењето мрежи помеѓу индивидуалците е од голема помош за формирање на сигурни партнерства. Градењето на мрежата може да се случи на состаноци, конференции, сесии, онлајн преку технологиите (социјални мрежи, емајлови) како и преку телефонска комуникација. Две области на градење на врските кои се особено важни за трансродните организации се вклучување во владините/државните прогами (политички, полициски, здравствени, социо – економски и др) и во невладините организации и институции (организации базирани на заедници [CBO], NGO, религиозни групи, медиуми, донатори, финансери). Градењето на врски со владата може да овозможи трансродните лица да се залагаат за пристап до здравствени и општествени услуги. Градењето на врски со невладините организации може да им помогне на трансродните организации да ги разберат другите помоќни и поискусни групи и институции. 47