My first Publication TRANSIT tool | Page 47

1 Зајакнување на заедницата Повеќето упатства за превенција на ХИВ обезбедуваат здравство и човекови права на трансродните лица, вклучувајќи ги и стратегиите од 2014 Консолидираното упатство за клучни популации и UNAIDS 2016 – 2021. Активностите кои што треба да се превземат за да се обезбеди рамка на човекови права за поддршка и зајакнување на заедницата за ХИВ превенција, третман и дијагноза вклучуваат: • Обучување на законодавните тела, судиите и пратениците во врска со човековите права на трансродните лица и нивната должност да ги почитуваат, штитат и исполнат нивните права; • Осигурување дека пружателите на услуги се свесни за нивното етичко однесување и да им обезбедат безбедни, сигурни и квалитетни услуги на трансродните лица; • Воведување на механизми за трансродните заедници да можат да го следат и евалуираат квалитетот, достапноста и прифатливоста на ХИВ услугите. Рамка 1.15 Пример на случај: Стекнување на законско признание во Индиа Tamil Nadu Иницијативата за СИДА (TAI) објавиле дека трансродните жени (во Tamil Nadu познати како aravanis) биле изложени на висок ризик поради нивното маргинализирање во општестово кое што ги смета како проститутки или питачки. TAI, заедно со некои силни лидери од aravani заедницата работеле со неколку политичари кои ги подржувале за да ги сменат политиките и законите и да го зболемат пристапот до услугите и да го променат јавното мислење во врска со трансродните лица. Со подршка на TAI, во 2006 година, 18ти Јануари бил објавен првиот Aravanigal Dinam (Ден на трансродни лица). Слоганот за првата година бил „И ние сме за здраво општество“, за да се претстави оваа заедница како општествено одговорна. Тие имале акции за дарување на крв, држеле јавни говори во театри, на улица и други начини за развивање на свеста на луѓето околу прашањето за ХИВ превенција, стигматизирање и дискриминација со која се соочуваат трансродните лица. Во текот на една година, биле вклучени окоу 3,000 активисти за реализирање на сите активности. Тие исто така продуцирале и сопствен краткометражен филм за нивните животи и нивната борба за обезбедување на здравствени услуги. Во 2008 година, државната влада формирала одбор за социјална помош кој ќе има за цел да се грижи за проблемите на aravani заедницата и да спроведе попис на заедницата на државно ниво. Сега, владата ги финансира операциите за промена на пол во сите јавни институции за членовите на arvanis заедницата, а исто така и се избориле за право да се нарекуваат како „трет род“. www.taihvs.org 46