1 Зајакнување на заедницата
1.7 Обезбедување рамка за човекови права
Ф2014 Консолидирано упатство за клучните популации: Закони и правила
Државите треба да се стремат кон развивање на закони кои што не ги дискриминализираат
истополовите сексуални однесувања и ги прифаќаат родовите идентитети.
Државите треба исто така и да работат на легализирање и прифаќање на трансродните
лица.
Законите, правилата и практиките треба да бидат внимателно прегледани од страна на
донесувачите на законите и владините претставници, со значително учество на претставници
од клучните популации, за да се овозможи спроведување и зголемување на здравствената
грижа за нив.
Државите треба да работат на спроведување антидискриминирачки закони со што ќе се
намали стигматизирањето и насилството врз членовите од клучните популации (стр. 96).
Од особена важност е државите да работат на политичка сигурност и залагање, со соодветно
финансиско инвестирање за популациите кои имаат потреба од ХИВ – поврзани услуги.
Обезбедување и заштита на човековите права на трансродните лица е од
особена важност за зајакнувањето на заедницата и ефективен одговор
за ХИВ. Во 2001 година, Обединетите нации ја објавиле Декларацијата
на посветеност за ХИВ/СИДА, кој нагласува дека за остварување на
човековите права и основната слобода за сите е од фундаментално
значење за намалување на ранливоста кон ХИВ, и дека мора да се даде
приоритет на одговорот на ранливоста кон ХИВ. Политичката декларација
на Генералното собрание на Обединетите нации од 2011 година за ХИВ /
СИДА има 10 цели и заложувања за елиминирање и сите од нив се однесуваат
на трансродните лица, вклучувајќи напори за елиминирање на стигмата и
дискриминацијата врз луѓето кои живеат со ХИВ преку обезбедување на
закони и правила кои во потполност се совпаѓаат со човечките права и
правото на слобода.
Рамка 1.14
Пример на случај: Застапување за законодавните реформи во
Доминиканската Република
Како дел од нивната цел да им ги обезбедат човековите права на трансродните жени,
COTRAVETD (Comunidad de Trans y Travestis Trabajadoras Sexuales Dominicana – Заедница
на трансродни лица и трансродни сексуални работниви во Доминиканската Република)
се фокусираат на обезбедување на ХИВ превенција, поддршка и пристап до третман и
развивање на свест во врска со стигма, дискриминација и насилство со кое се соочуваат
трансродните лица, како и лицата кои што живеат со ХИВ, а се вклучени во сексуалната
работа. Оваа организација се застапува за обезбедување на законодавни реформи,
вклучувајќи и унапредување на законот за Родов идентитет. Иако застапувањето за законите
може да не успее, сепак не треба да се откаже од лобирањето за посакуваната цел.
www.cotravetd.blogspot.co.uk
45