My first Publication TRANSIT tool | Page 45

1 Зајакнување на заедницата Чекор 7 - Мониторинг и евалуација Mониторинг на напредокот повремено бара внимателно документирање за да се осигура дека материјални и извештаите за застапувањето се точни и веродостојни. Активностите и резултатите од застапувањето треба да бидат снимани, а информациите искористени за евалуација на кампањата и зајакнување или подобрување на ефикасноста на понатамошната работа. 1.6 Решавање на проблемот со стигмата како пречка за зајакнување на заедницата Трансродните лица често се среќаваат со стигма (се мисли и на трансфобија) 6 поради Надворешен изглед и сфаќањето на пошироката народна маса во врска со тоа како треба да изгледа лице од одреден род. Можат да имаат искуство со стигматизирање на работа, во училиште или во други поставки од секојдневниот живот, како и на места каде трансродните лица барат професионална, социјална и медицинска помош. Стигмата може и да има форма на само-стигматизирање, кое води до намалување на самодовербата на поединецот и да се изолира од останатите луѓе. Искуствата со стигма водат до обесхрабрување и повлекување на лицето. Од голема важност е програмите за ХИВ да не направат несакано стигматизирање, затоа треба да се внимава при изразувањето кога се пишуваат извештаите. За повеќе информации во врска со стигматизирањето и дискриминацијата, погледнете во Поглавје 2. Рамка 1.13 Пример на случај: Разбирање на стигмата и сопствениот идентитет во Јужна Африка Концептот на Transilience бил развиен од страна на Општествениот, Здравствениот и Феминистичкиот колектив за зајакнување на Трансродните жени во Африка (S.H.E) како одговор на насилството врз трансродните жени во оваа држава. Проектот, чие име е комбинација на зборовите trans и resilience, има за цел да им помогне на трансродните жени подобро да се запознаат со нивната перцепција за нивниот идентитет, мобилизација против насилството, борба против стигмата и правење на подобра корист од постоечките правни заштити за родова еднаквост и родов идентитет. Само-идентификување – како трансродните жени се чувствуваат и мислат за самите себе – е корен на разбирањето за тоа како тие можат да се позиционираат самите себеси како индивидуи безбедно во услови на насилна средина. Овој проблем е најчесто поврзан со погледите на жените во дадено општество. Знаејќи дека главниот корен на стигматизирање е концептот за „вистински„ маж или жена во кој трансродните лица не се совпаѓаат со овие стандарди. Потребно е трансродните жени да имаат високо мислење за себе, да ја осознаат својата моќ и што се можат да направат во општеството. Токму S.H.E го користи овој пристап за да дискутира за проблемите во врска со насилството врз трансродните жени и се труди да формулира агенда која одговара на нивните услови. www.transfeminists.org 6. ТРАНСФОБИЈА е предрасуда насочена кон трансродните лица поради нивниот изглед или полов идентитет. Таа може да биде структурна, на пр. манифестирана во политиките, законите и социо- економските аранжмани кои што ги дискриминираат транс лицата. Може да биде општествена, кога транс лицата се одбиени или малтретирани од другите луѓе. 44