1 Зајакнување на заедницата
Рамка 1.12
Пример на случај: Учеството на трансродните лица во
Координативниот механизам на Државниот глобален фонд во Хондурас
Државниот механизам за коордирање на Хондурас е започнат во 2002 година за
канализирање на финансирањето и спроведување на национален предлог финансиран
од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија. ССМ беше одговорна
за доставување предлози и надзор над нивното спроведување, како и за евидентирање
на потребите на најзагрозените групи, вклучително и транс луѓето. Сепак, оние работи за
кои се грижат најмногу трансродните лица не биле застапени, при што најголем дел од
фокусот се однесуваат на прашања кои влијаат врз мажите кои имаат секс со мажи и жени
сексуални работници.
Следејќи ја експлицитната препорака на Глобалниот фонд за вклучување на клучните
претставници на населението во составот на ССМ, колективната единица Colour Pink
достави барање за нивно вклучување во ССМ. Покрај тоа, на состаноците со членовите на
граѓанското општество, колективот се залагаше за директно учество на транс лицата како
полноправни членови на ССМ и побара поширока поддршка од граѓанското општество
за да го донесат ваквиот предлог до Собранието на ССМ. Во 2009 година собранието го
одобри овој предлог и го реконструирал ССМ за вклучување на транс заедницата како
полноправна членка, со директно учество, глас и право на гласање на избори.
Извор: Правата стануваат реалност. Компилација од истражувани примери. Искуството
на организациите на трансродни лица, UNAIDS, REDLACTRANST, International HIV/AIDS Alliance,
2012.
http://www.aidsspace.org/getDownload.php?id=1825
Чекор 6 – Ризици при менаџирање
Кога една организација се застапува, секогаш постои шанса тоа да има
влијание врз нејзината репутација и врската со вработените, партенрите или
другите заедници. Одредени тактики за застапување, како што се јавните
кампањи и акции, можат да донесат повеќе ризик отколку останатите. Важно
е да се игнорираат негативните коментари од пошироката јавност, како
што се непријателските односи со здравствените работници, владините
органи, религиозните поглавари, полицијата и др.
Трансродните организации можат да менаџираат со ризиците преку
наоѓање на одговори за нивното застапување во медиите и јавните тела,
како и преку идентификација на други трансродни организации или
индивидуи. Индивидуите или организациите кои не се трансродни можат
да играат важна улога во менаџирање со ризикот и можат да им помогнат на
трансродните поединци со нивна посета и поддршка на нивните настани,
состаноци, социјални мрежи и слично.
Важно е да се изготват планови за непредвидливи ситуации како што се
непријателските реакции. Доколку е можно, треба да се издвои буџет за
да се покрие сигурноста на вработените и членовите на програмот, кауција
за вработените или учесниците кои можеби се справуваат со правни
предизвици од локалните власти и слични поврзани трошкови. Чувањето
на податоците во тајност треба да биде приоритет. Ресурсите се достапни
онлајн, на веб страната: www.securityinabox.org.
43