1 Зајакнување на заедницата
Рамка 1.11
Пример на случај: Застапување за ХИВ во Астралија водено
од трансродна заедница
Во текот на Меѓународната конференција за СИДА во Мелбурн во 2014, група на трансродни
мажи кои имаат сексуални односи со мажи од цела Австралија се споиле за да дискутираат
што виделе во јазлите на веќе постоечките одговори на ХИВ за Австралиските мажи кои
имаат сексуални односи со мажи. Тие одлучиле да воведат работна група која ќе ги решава
овие потреби, затоа побарале и добиле логичка и административна помош како и мал износ
на финансии од страна на Австралиската федерација на организации за СИДА (AFAO). Во
текот на 18 месечниот курс оваа група на трансродни мажи:
• се унапредиле како трансродово водена, работна група на AFAO, позната како PASH.tm
(Мрежа на врсничко застапување за сексуалното здравје на трансродните мажи);
•превзеле стратешко планирање и идентификувале низа на приоритети поврзани со
истражувањето, обезбедувањето на најдобра пракса за обезбедување на ХИВ услуги и
пружање на здравствени услуги на трансродните мажи;
•обезбедиле финансирање од владата за развој на онлајн центар (во моментов е во развој)
за ресурси и сексуално здравје
•обезбедиле повратна информација во врска со вклучувањето на трансродни мажи во
упатствата за државните и меѓународните PrEP пристапи
Чекор 5 - Развивање акциски план за застапување
Еден акциски план содржи неколку конкретни актвности кои треба да се
спроведат. Вклучува очекувани резултати, временска рамка со рок, избор
на одговорни лица/тимови и ресурси потребни за да се добијат резултатите.
Активностите за развивање на планот можат да вклучуваат:
• Лобирање, праќање петиции до Владата или другите граѓански органи;
• Јавно едуцирање и свест;
• Состаноци лице-во-лице со донесувачите на одлуки;
• Пишување и доставување на документ со позиции или информативни
белешки;
• Подготовка и презентирање на јавни презентации;
• Пишување пресови за медиумите;
• Држење на пресконференции;
• Давање на медиумски интервјуа.
42