My first Publication TRANSIT tool | Page 42

1 Зајакнување на заедницата Истражувањата треба да бидат дополнети со дискусии за анализа на проблемите и да овозможат докази за да се поддржи позицијата на заедницата. Истражувањето вклучува интервјуа, фокусирани групи, присуство на настани, докази од прва рака и др. Чекор 2 - Развивање на целите Идентификација на целите и предметите од интерес помагаат да стане појасно кои акции е потребно да се превземат за да се стигне до посакуваното решение. Чекор 3 - Идентификација на целните групи Многу е битно напорите за застапувањето да се фокусираат на индивидуи, групи или институции кои имаат најголем капацитет да превземат акции и да ги направат посакуваните промени. Застапувањето може да биде спроведено од неколку вида на институции: •Правни: спроведувачи и донесувачи на закони •Граѓанско-општествени: непрофитни организации, унии, религиски институции, граѓански клубови и здруженија во општество кое работи независно од владата и државата • Владини институции: министерства и агенции • Приватни бизниси Чекор 4 - Идентификација на ресурсите Успешно застапување бара ресурси како што се: човечки, финансиски, вештини и информации. Важно е да се земат во предвид застапувачките ресурси кои веќе постојат и кои даваат до знаење кои се потребните ресурси. Градењето на партнерства и мрежи или здруженија преку теренска и истражувачка работа може да биде од клучно значење за успехот на застапувањето. Други ресурси можат да влучат пристап до медиите и дистрибуцијата на весници, интернет страни и слично 41