My first Publication TRANSIT tool | Page 41

1 Зајакнување на заедницата Рамка 1.10 Пример на случај REDLACTRANS (Мрежа на трансродни лица од Латинска Америка и Карибите) е мрежа на транс жени, со членови во 17 земји во Латинска Америка и на Карибите. Мрежата е основата во 2004 година од страна на трансродни активисти, почетно како онлајн група за размена на информации. REDLACTRANS имаат за задача да им помогнат на членовите да ги сочуваат своите човекови права во регионот преку застапување, со зголемување на нивната видливост и со зголемено и зајакнато делување на членовите од организацијата. Задачите на оваа мрежа вклучуваат документирање и борба против насилството и омразата врз трансродните лица; застапување за одржани програми и ресурси; подобрување на пристапот до здравствени установи, особено намалување на инфицирањето со ХИВ помеѓу трансродните жени; обезбедување на легална рамка на човекови права за трансродните лица. REDLACTRANS се залагале за усвојување на Законот за родова еднаквост на Аргентина во 2012 преку работа со медиумите, политичарите и други невладини организации. 1.5.1 Рамка за застапување Фигурата 1.2 ја претставува рамката за застапување која може да биде користена за да помогне во зајакнувањето на заедницата. Фигура 1.2 Рамка за застапување 1 Избор и анализа на проблемот 2 Развивање на целите 3 Идентификација на целните групи 4 Идентификација на ресурсите 5 Развивање на акцискиот план за застапување 6 Ризици при менаџирање 7 Мониторинг и евалуација Чекор 1. Избор и анализа на проблемот Фокусирањето на одредена цел за застапување треба да произлезе од искуството на трансродната заедница. Разгледувањето на проблемите преку групни дискусии и состаноци дава сигурност дека предметот за застапување е релевантен за повеќе лица, а не само за неколку индивидуи и вреди да се потроши одредено време и напор на него. Важно е да се имаат во предвид следниве прашања: • Дали некој друг веќе го решава тоа прашање? • Дали можеме да добиеме информации што ќе послужат како докази? • Дали имаме време, вештини и ресурси за да го решиме проблемот? 40