1 Зајакнување на заедницата
1.5 Градење застапувачки капацитети
Застапувањето може да се дефинира како активна поддршка на некоја
идеја или причина изразена преку стратегии и методи кои влијаат врз
изборот и одлуката на луѓето и организацијата. Поедноставно, значи
дека ги става проблемите на дневна агенда, овозможува решение за тие
проблеми и гради поддршка за акција, и за проблемот и за решението.
Застапувањето е основен процес за спречување на нееднаквоста и
зајакнувањето на заедницата. Тоа може да ги подобри пристапот,
финансирањето и квалитетот на програмите и услугите преку донесување
на клучните проблеми на врвот на агендата на донесувачот на одлуки.
Напорите за застапување се често помоќни и поуспешни кога се
превземени од оние лица кои се лично засегнати од тоа што го застапуваат,
а трансродните лица покажале изразено влијание во застапувањата за
проблемите поврзани со нивната превензија за ХИВ и потреба од грижа.
Напорите за застапување обично се сместени во две категории, кои можат
повремено да се совпаднат и да влијаат една врз друга:
• Правно застапување: да се влијае директно врз политиките и
регулативите преку влијателните владини институции; или индиректно
преку влијателните организации, бизниси или поединци кои имаат влијание
во владата.
• Јавно застапување: да се влијае врз однесувањето, изборот и
практиката на јавноста и да се добие поддршка за посакуваната промена.
Застапувањето може да биде напишано, кажано или демонстрирано и
тоа може да го направат поединци, индивидуално, или мали или големи
групи. Може да биде краткорочно или долгорочно, а нивниот фокус може
да е на локално, регионално или меѓународно ниво. Тоа не зависи само
од проблемот, туку и од ресурсите и мисијата на застапувачите, како
и одредените места со најголемо влијание (види случај на пример за
објаснување).
Рамка 1.9
Учество во застапувачкото планирање
Начинот на кој што е направено планирањето ќе влијае директно врз квалитетот на
застапувањето. Ако трансродните лица се вклучени во донесувањето на одлуките во врска
со застапувањето, тоа го поттикнува нивното зајакнување и ја олеснува сопственоста,
мотивацијата, довербата и влијанието. Учествувањето во планирањето на секој начин ја
зголемува посветеноста во работата, овозможува размена на идеи и правци, се забрзува
работата, се зголемува способноста за справување со конфликти и различности,
проценување на политичкиот ризик и подобрување на организациската одговорност.
39