My first Publication TRANSIT tool | Page 39

1 Зајакнување на заедницата Рамка 1.7 Пример на случај: Искуство со регистрирање на трансродна организација во Тајланд Во 2014 година, Tajландската трансродова алијанса (ТТА) аплицирала за да стане формално регистрирана NGO.Нивната првична пријава била одбиена од страна на Министерството за внатрешни работи, затоа што името на нивната организација го содржело терминот kathoey, кој, во некој контекст, се смета како навредлив, покрај тоа што членовите на Тајландската ТТА не го прифатиле таквото значење на зборот, напротив, се гордеат со тоа име. МВР било во дилема дали името на таквата организација ќе биде „против стандарднита морална норма, етика и култура на Тајланд“. Доколку не ги признаат под ова име, членовите планираат да почнат меѓународна кампања за нивните права да основаат организација. Во земјите каде што не е можно трансродните групи да формираат легална организација, да се стане член на некоја друга мрежа на организации која ќе биде „родителска организација“ е единственото можно решение. На пример, трансродна група може да направи договор со граѓанското општествени организации или некоја NGO која се согласува да биде нивен фискален спонзор (да прифати финансирање во нивно име). Сепак, некои групи сметаат дека можат да ги исполнуваат нивните должности како група и без да ја регистрираат организацијата (Рамка 1.8). Рамка 1.8 Пример на случај: Предности и слабости на нерегистрирана организација во Русија FtM Phoenix е организација во Русија која обезбедува онлајн поддршка за трансродните лица од 12 држави во Источна Европа и Централна Азија. Иако, регистрирањето како легална организација не би било забрането според руските закони, членовите не се чувствувале доволно спремни и обучени да ја официјализираат организацијата како регистрирана невладина организација. Оваа организација сепак имала можност да учествува во застапувањата и врсничките советувања каде што учествувале волонтери од организацијата, без добивање на паричен надоместок. FtM Phoenix имале повеќе предности поради тоа што останале како нерегистрирана организација, особено во почетните денови: • Немале административни или технички трошоци; • Апсолутна флексибилност да останат во предните редови за застапување, без потреба да се приклучат кон некоја друга организација; • Независнот да прават со финансиите што тие мислат, а не нивните финансери; • Независнот од тоа да бидат отпуштени од работа или дека прават нешто што владата го смета како „погрешно“. Како што созревала групата и ги проширила активностите, се појавиле и некои слабости поради нерегистрирањето: • Поголемите настани не биле доволно финансирани и не можело да се најде соодветно место за нивна реализација; • Финансирањето било неопходно за некои активности да се одработат брзо и професионално; • За да добијат финансии, потребно е да најдат и да направат договор со финансерот за буџетот. aronbelkin.narod.ru/FtM_Phoenix.html 38