1 Зајакнување на заедницата
1.4.2 Формирање регистрирана организција
Oрганизациите кои обезбедуваат услуги за трансродните заедници, обично
се неформални групи. После одредено време, структурите и процесите
можат да бидат развиени за да овозможат поефикасни и поефективни
начини на пружање на услугите. Во зависност од видот на организацијата,
големината и целите, како и државата во која е формирана, организацијата
може да се регистрира. Процесот за регистрирање варира од држава до
држава.
Важно е организациите да имаат јасна слика за нивните очекувања за
големината, географската достапност, видовите на активностите и сл.
Јасна визија и мисија, како и правење добар стратешки план можат да
бидат од помош за дефинирање на овие елементи.
Повеќе држави имаат одредени координативни тела кои нудат совети или
упатства за процесот на формирање на организација. Како пример може
да се земе INFOSEM (Интегрирана мрежа за сексуално малцинство), мрежа
на ЛГБТ организации во Индија. Во оваа мрежа има околу 30 обучени транс
или хиџра организации за градење на организацискиот и индивидуалниот
капацитет.
Потребните документи за регистрирање се бараат од соодветните кабинети
на владата. Таму, владините претставници јасно прецизираат кои се
потребните документи за почеток на процесот. Како пример за потребни
документи се:
• Мисија и вредност на организацијата;
• Еден документ од наведените: меморандум за здружување, подзаконски
акти, устав и др.;
• Извештај за годишните активности;
• Финансиски извештаи / Извештаи за ревизија;
• Организациски ресурси;
• Организациска хиерархија;
• Одбор на директори и правила и проиписи со кои се регулира одборот
(барање од одборот за регистрација, исто така е потребно);
• Писмо за поддршка од Министерството за здравство, меѓународните
органи за превенција на ХИВ и релевантни организации на граѓанското
општество.
37