1 Зајакнување на заедницата
Менаџирање проекти
Агендата на една организација е исполнета со конкретни активности,
најчесто за развивање на програмите и проектите. Една организација е на
вистински пат, ако:
• На време ги открива потребите на своите членови;
• Дефинира технички интервенции кои се во согласност со локалните и
меѓународните најдобри практики;
• Дефинира и следи реални работни планови со прифатливи рокови и
буџети кои се во согласност со мисијата и визијата на организацијата;
• Дава сигурност дека програмите и проектите даваат одговор на потребите
на нивните членови, преку мониторинг на нивното влијание;
• Мониторинг на програмите, вклучувајќи собирање на користени податоци
за донесување на одлуки.
Системи за зајакнување на заедницата
Системите за зајакнување на заедницата се механизам за да се даде
сигурност за значајно учество на организациите предводени од заедницата
во склоп на пошироките политики и програмски системи на државата, и да
се спречат и решат внатрешните прашања и конфликти. На локално ниво,
ова значи дека организациите и мрежите предводени од трансродните
лица учествуваат како членови во планирањето, финансирањето и
спроведувањето на комитетите и другите релевантни тела, осигурувајќи
се дека сите потреби на заедницата се решени.
Рамка 1.6
Рамка за системите за зајакнување на заедницата:
шест основни компоненти за системите на заедницата
Овозможување работна средина и застапување – вклучувајќи го ангажирањето на
заедницата за подобрување на политиките, правните и владините услови, и да влијаат на
општествените детерминанти за здравјето (види Секција 1.5).
Мрежи на заедници, линкови, партнерства и координации – овозможување на ефективни
активности, пружање на услги и застапување, максимализирање на ресурсите и влијанието,
и координирањето, врски за соработка (Секција 1.8).
Ресурси и градење капацитети – вкучувајќи и човечки ресурси со соодветни лични, технички
и организациски капацитети, финансирање и материјални ресурси (ифраструктура, мебел,
медицинска опрема и други продукти) (Секција 1.9).
Активности и пружање услуги - достапни до сите лица кои имаат потреба од нив.
Организациско и лидерско зајакнување – вклучувајќи менаџирање, одговорност и
лидерство во организирациските и системите на заедницата. (Секција 1.4).
Мониторинг и евалуација (М и Е) и планирање - вклучувајќи системи за МиЕ, истражување,
наоѓање докази, учење, тренирање и менаџирање со знаењето (Поглавје 5, Секција 5.2.3).
36