1 Зајакнување на заедницата
• Локална сопственост: Експертите можат многу побргу да ги пронајдат
и решат потребите на трансродните лица. Сепак, доколку самата
организација не се посвети доволно, вклучувајќи ги и лидерите и другите
членови, напорите за градењето на капацитетот нема да бидат успешни
• Подготвеност: Видот, нивото и износот на градењето на капацитетот треба
да бидат базирани на организациските способности за апсорбирање и
користење на сите упатства кои се пружени. Организацијата мора да
биде спремна за учење на нови работи и нивна успешна примена на
терен.
• Внатрешна/Надворешна ориентација: Додека организацискијата мора
да се погрижи за здравствената состојба на сите членови од заедницата,
многу е важно да се воспостави партнерство и надворешни врски со
пошироките трансродни заедници, донесувачи на закони и други
пружачи на услуги и алијанси
• Одржување: Градењето на капацитетот се стреми кон зајакнување на
организациските способности за одржување на финансиската состојба,
поддржување на заедницата и партнерство за подобро и последователно
функционирање
• Учење: Организација која не учи континуирано за нивните функции,
бенефити, технички простори и сл., ќе стане пасивна и неуспешна
• Долгорочност: Градењето на капацитетот е долг процес кој нема да
ги покаже резултатите во истиот момент, туку многу покасно. Затоа е
многу битно сите членови од заедницата ова да го знаат, за да избегнат
прерани разочарувања
1.4.1 Елементи на силна организација
Раководење
Успешното раководење е многу битно за одговорно менаџирање на
стратешката визија и ресурсите на една организација. Транспарентноста,
одговорноста, успешното менаџирање и управување со законите се исто
така битни компоненти за добро раководење и исполнување на мандатот
на една организација. Најдобрите начини за успешно раководење на една
организација:
• Јасна визија и мисија за водење на организацијата;
• Силна организациска структура која се усогласува со мисијата;
• Силно и активно управно тело (одбор), кој помага при водењето и
застапувањето;
• Селективен процес за учество во лидерството и раководењето;
• Дефинирани процеси за донесување на одлуги кои ги вклучуваат и
информираат членовите;
• Вклучување на заедницата во комитети за надгледување на програмите.
35